Почитувани браќа и сестри!
Свештенството при храмот  на Света Троица од Радовиш ги поканува сите христијани кои сакат да го прослават празникот на Светиот новомаченик Спасо Радовишки.
Редоследот на богослужбите ќе биде следниот:
- 20.08.2014 год. (Четврток) Архиерејска вечерна богослужба со почеток во 18:00 часот на која ќе служи Митрополитот брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со повеќе свештеници од Брегалничката епархија, а по вечерната ќе се изврши литија до параклисот во центарот на градот.
-21:00 часот ќе одржи Духовна академија
- 21.08.2014 год. (Петок)  Божествена Литургија со почеток во 08:30 часот на која ќе богослужи г.г Стефан Архиепископ на МПЦ -ОА со тројца архиереи од Синодот на Македонската православна црква.


По Литургијата ќе има празничен ручек во манастирот на свети Георгиј с. Ораовица

 

 Радовиш, 17-ти август 2015 год.