Скопје, храм на св. пророк Илија на празникот на

Светиот свештеномаченик Ермолај и
Преподобната маченичка Параскева

 

     

  • Во деветата недела по  Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на светиот свештеномаченик Ермолај и преподобната маченичка Параскева  , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски во сослужение на ѓаконите  Гоце Постолски и Горан Трајковски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата  верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Труди се да не ги прифаќаш хулните помисли и да не им веруваш, и Господ ќе ти прости. Кога доаѓаат помислите, не ги примај и не се бори со нив, а уште повеќе не ги заколнувај и не им противречи - тоа не е според твоите сили! Туку прибегнувај кон Господа со молитва и смирение. Блудната помисла и стравот се допуштаат заради нашата гордост. Прекорувај се себеси и труди се да не обрнуваш внимание кон оној што те соблазнува - и искушението ќе си замине.
(Преподобен Анатолиј Оптински)

 

Преминпортал (к.т.)