Најубавата молитва

Шетајќи се со своето мало кученце близу велелепната црква во својот град, момчето го слушна утринското биење на камбаните. За миг застана невино зјапајќи во сериозните лица на луѓето кои минуваа по пешачката патека низ паркот каде тој играше, а која водеше директно до задната капија на новата црква.
Помисли: кога и јас би знаел да се молам.


И во моментот му текна. Се спушти на колена и почна: A, Б, В, Г, Ѓ, Ж, Ѕ... онака, како што ги имаше запаметено буквите од азбуката, од тоа што го беше научила поголемата сестричка која сега веќе одеше на училиште.
Тогаш, итајќи низ патеката се појави млад, ведар човек облечен во црно. Не можеше, а да го одмине туку-така момчето кое чудно клечејќи во занес ги кажуваше неправилно буквите од азбуката, иако брзаше.
- Што правиш така клечејќи дете? - го праша момчето, кое скоро се дрзна.
- Еве чичко, се молам. Не ги знаев зборовите на молитвата правилно, па си реков ќе ги кажам буквите, а Господ правилно ќе ги нареди.
Младиот свештеник се насмеа, знаејќи дека тој ден ја чул најубавата молитва.

 

Извор од фејсбук страната на : Марта Лазарова