04.jpg

Посета на Првата дама со сопругите на Амбасадорите во Р.М.

01.jpg

18 април 2015 лето Господово

02.jpg

03.jpg

05.jpg

04.jpg

Среде радоста на овие пасхални денови, во завршницата на светлата и света седмица, Бигорската обител ја израдува посетата на многу почитуваната пријателка на манастирот и сопруга на Претседателот на државата, г-ѓа Маја Иванова, и нејзините ценети гостинки – сопруги на повеќе резидентни Амбасадори на Италија, Полска, Романија, Руската Федерација, Словачка, Словенија, Шведска, Украина, САД и Швајцарија. Оваа срдечна посета беше дел од иницијативата на г-ѓа Иванова да ги запознае своите гостинки со духовната и културна традиција и убавините на нашата земја. Беше тоа и една убава можност пред останатите сопруги да ги промовира вредностите на нашето православно предание, живиот дух на верата предаден во наследство од предците. Гостите со големо задоволство и восхит учествуваа во прошетката низ манастирот, предводена од страна на економот, отец Доситеј, по што следеше и посета на метохот посветен на св. Георгиј Победоносец во Рајчица, каде беа гостољубиво пречекани и од монашкото сестринство.

Во своето кратко обраќање до присутните монаси, гости и новинари г-ѓа Иванова истакна дека оваа посета е израз на нејзината желба со своите драги пријателки, сопруги на истакнати амбасадори кај нас, да ги сподели убавините и прекрасните духовни искуства што ги доживела во нашите два манастири:

06.jpg

- Можеше да се види восхитот на лицето од моите гости од убавината на овој манастир, од неговата архитектура, од фрескосликарство, од резбата и од духовноста што зрачи на сите страни од ова древно македонско светилиште. Ова го сметам и како промоција на мојата земја Република Македонија со сите нејзини културни, историски и духовни вредности. Од ова свето место сакам да испратам една порака до сите млади, до идните генерации да ги чуваат и негуваат историските, културните и духовните вредности што се нераскинлив дел од нашата историја и култура - вели Иванова.

07.jpg

08.jpg

Извор. Бигорски манастир