Во чест на празникот на Раѓањето на светиот Претеча и Крстител Јован во манастирот Бигорски во присуство на многуброен верен народ од цела Македонија сеноќно празнично бдение отслужи Митрополитот Брегалнички г. Иларион со повеќе
свештенослужители. На бдението присуствуваше и Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.
     

                 

    



   


После празничната Вечерна беше отслужен Акатист кон свети Јован Крстител, а на крајот од Утрената служба присутниот народ се поклони на моштите на повеќе Светители. Бдението заврши со Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј и повеќе свештенослужители.
   



               

                
                   



По Божествената Литургија беше поставена трпеза на љубовта за сите присутни верни.
   

    



известува: јеромонах Доситеј