Денес своеволно излегов на Охридскиот плоштад зедов гитара, хамер, маркер, една позајмена табла од "Шила" и добра волја за хуманост. Во рок од еден час колку што ме држеа прстите на ладното собрав точно 4415 денари кој ќе бидат уплатени на жиро сметата за директна финанскиска помош од општина Новаци! Фала на сите Охриѓани кој донираа! Охрид е хуман, Охрид е жив!!!

Извор: фејсбук страна на Јован Куценовски

 

„Сабајлечки ме болеше глава ама не знаев од што, гледав вести и видов дека сме повеќе со главоболка ама нивната далеку потешка. Зедов гитара и го напраив тоа што го напраив. Фала Охрид за хуманоста!“

 

 Охрид, 7- февруари, лето Господово 2015

+++


Музичарот и фотограф Јован Куциновски денес своеволно излегол на охридскиот плоштад со својата гитара со цел да заработи пари, но не за него туку за поплавените подрачја, еве што напиша тој на својот фејсбук профил:

“Денес своеволно излегов на Охридскиот плоштад зедов гитара, хамер, маркер, една позајмена табла од “Шила” и добра волја за хуманост. Во рок од еден час колку што ме држеа прсите на ладното собрав точно 4415 денари кој ќе бидат уплатени на жиро сметата за директна финанскиска помош од општина Новаци! Фала на сите Охриѓани кој донираа! Охрид е хуман, Охрид е жив!!!”

Јован е многу доблесен човек, живее многу скромно, а се бори во животот. Завршил режија, фотограф е, има своја Motion Emotion агенција за фотографија, свири по локали, музичар е, а знае и да подготви добра храна која што ја споделува често на социјалните мрежи, радио водител е со своја Емисија “Охридување”.

Секоја чест за хуманиот гест !