Молитва на Нова година
Вадико, Господи Боже наш, Ти си извор на животот и бесмртноста. Создател на сите видливи и невидливи созданија. Ти си ги ставил времињата и годините под Твоја власт, Ти владееш над се’. Милостиво прими ја оваа наша благодарност и молба од нас, Твоите недостојни чеда и добросрдечно помилуј не’. Ти благодариме за сите добрини што си ги пројавил кон нас во изминатиот период од нашиот живот и Те молиме премилостив Господи, преку Твојата благост и со благодатта на Твоето човекољубие,БЛАГОСЛОВИ ЈА ГОДИНАТА ШТО НАСТАПУВА, благослови не и нас. Отстрани од нас секаков Твој гнев поради нашите гревови. Не спомнувај ги, а прости им ги на сите Твои луѓе нивните безбројни прегрешенија и сите волни и неволни гревови што сме ги направиле во изминатата година. Не не’ казнувај поради нашите лоши дела, туку спомни си за нас со благост и милосрдие. Изгони ги од нас сите, штетни за душата, страсти и лоши навики и всади го во нас, во нашите срца, Твојот боженствен страв, за да ги исполнуваме сите Твои заповеди. Во нашите срца обнови го Твојот вистински дух. Утврди не’ во Православната вера и помогни ни да успеваме во вршењето на добри дела. Прекрати ги сите ереси, секти и отстапништва; утврди ги насекаде вистинската вера и благочестивиот живот. Обрни ги сите што отстапиле од вистинската вера и помогни им да ја познаат Твојата вистина; присоедини ги кон Твојата Света Православна Црква.

 

Друго:

Ikona.zavasilopita.jpg

Зошто на празникот на св. Василиј се става златник или паричка а, не на Бадник