IMG_2849

IMG_2851

  • На свеченоста која се одржа денес 25.12.2014 во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на Епископот хераклејски г. Климент, ѝ додели ОРДЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, ОД ПРВ РЕД на „Македонската радио-телевизија (МРТ)“. Одличието што Синодот на МПЦ ѝ го додели на Македонската радио - телевизија e по повод 70-годишниот јубилеј од основањето, како и за придонесот на овој најреномиран македонски медиум за афирмација на дејноста и мисијата на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Во овие седум децении постоење, Македонската радио-телевизија, со своето професионално медиумско информирање, даде особен придонес за чување и негување на македонското црковно и духовно наследство и христијанските вредности на нашиот македонски православен народ, како во Република Македонија, така и во дијаспората.

 IMG_2842

  IMG_2867

Извор: Скопска епархија