P1100138

Светителе, оче наш Нектариј,

тебе ти го доверуваме нашиот град,

да ги штитиш, чуваш и закрилуваш луѓето кои живеат во него, сега, секогаш и во сите векови, Амин!На 18.12.2013 г. денот, кога се празнува споменот на Преподобниот Нектариј Битолски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, благоволи да отслужи Празнична Божествена Литургија во Соборниот храм “Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.



По Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г. Петар со црковниот клир и мноштвото мирјани, со кивотот во кој се положени моштите на Свети Агатангел Битолски, свечено и торжествено, направија литија низ централното градско подрачје на Битола. Камбаната непрестано ја надополнуваше прекрасната атмосфера, а случајните минувачи кои од оправдани или неоправдани причини не присуствуваа на свечената литија, застануваа со наведнати глави и со поклони му оддаваа чест на Светителот. Особено, детската чистота и нивните ангажмани околу литијата, го направија овој светол чин да биде уште посветол. Пееwето на црковните певци, кое оддекнуваше низ градските улици, како мевлем се лепеше за срцата на сите нас. Да Му благодариме на Бога, што ни подари ваков голем Светител, и токму тој да биде патрон (заштитник) на нашиот град. Неговата прегратка, нека биде вечено засолниште за нас, битолчани, а нашите молитви упатени до него, нека бидат секојдневие за нас, верните чеда на овој град. За многу години!