На 04.12.2014, на празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ - Тетово, во сослужение со архиерејскиот намесник Дарко Наумовски, парохискиот свештеник Томислав Јосифоски и протоереј Љубиша Блажески. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа прекршени славските лебови.

 

 

 

 

 

 

 

За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија