логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 „Илија, со постот просветлен, се качи на божествената кола на добродетелите и се вознесуваше на небесната височина: него подражавај го, душо моја смирена, и пости од секоја злоба, и завист, и кавга и од секаква сладост на телесна наслада, за да ги избегнеш тешките маки од вечниот пекол, на Христа викајќи Му: Господи, слава Ти“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од прва среда на Великиот пост).



На 05.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а повеќето од нив, кои држеле и тридневно воздржание од каква и да е храна и питие – тример, пристапија кон светиот Путир.

По завршувањето на Литургијата беше извршен и чинот на групна исповед на свештенството од нашата епархија, а беше одржано и редовното свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања од животот на Епархијата. Во продолжение ви ја пренесуваме целосната беседа, со која Митрополитот ги поучи верните на светата Литургија.



Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Покајанието треба да се наоѓа во центарот на нашиот живот, и тоа не само за време на Великиот пост, туку во целокупниот наш живот. Покајанието не се јавува како времено делување и истото е поврзано со светата тајна исповед. Тоа е цел еден процес на промена на човековиот живот. Многу е важно тоа менување, затоа што преку покајанието ние ќе добиеме цврстина и непоколебливост, за да не се вратиме назад на гревовниот пад, за кој баравме опростување. Преку силата и благодатта Божја ние се трудиме да го искорениме гревот од нашиот живот. Исто така, треба да знаеме дека има и други искушенија, за кои ние не сме знаеле, а можат да ни пристапат, па дури и да се вселат во нашата душа и да го осквернат нашиот живот.

За да се одбраниме од гревот и да не му дозволиме да се доближи и да завладее со нашите души, потребно е да знаеме како да постапуваме. Светите отци и учителите на аскетиката ја нарекуваат оваа битка духовна борба против гревот и прават аналогија со војничката стража. Кога една стража го напушта местото, доаѓа друга стража и стражарењето се развива по некој нормален принцип или работа. Кај нас настапува гревот како искушение од ѓаволот, а ние ја држиме стражата, односно одбраната. Светите отци ни предлагаат како да го извршиме тоа стражарење со потполна одговорност, но и со определени закони.

Нам ни е познато дека покајанието доаѓа од грчкиот збор „метаноја“, кој во својот оригинален превод не значи само исповедување, туку повеќе изменување на срцето и на умот, односно измена на начинот на живеење. Затоа исповедта не значи само исповед пред свештеникот, односно пред Бога, туку изменување на својот живот. Токму затоа покајанието не може да се разбере како едно моментално дејство. Нашата исповед и покајание е согледувањето на нашите сопствени гревови, барање прошка за нив и за престапите кон Бога, кон нашите блиски и далечни, на кои сме им згрешиле и кои ни згрешиле. Сето тоа е потребно и претставува неопходен услов за тој духовен подвиг, што ние го нарекуваме покајание.

Доколку, пак, со покајанието постигнеме некој напредок и измена на нашиот живот, тоа воопшто не значи дека ние засекогаш сме обезбедиле сигурна духовна состојба. Во животот на луѓето, како и воопшто во светот, сè е непостојано, се сè развива, се сè менува. Некогаш се менува на подобро, а некогаш може да се менува и на полошо. Така, нашето духовно менување може да биде промена и пат кон возвишеното, односно издигнување, но може и обратно, да биде паѓање во уште поголем грев, па дури и во опасни духовни провалии.

Сето ова што го рековме се однесува на покајанието. Кога ние ќе постигнеме измена кон добро, се менува и нашата духовна состојба. Но, сето тоа не значи дека во таква состојба ќе престојуваме или ќе бидеме за секогаш. Ние можеме да се вратиме и на поранешниот лош пат, а понекогаш дури и на уште полоши патишта, кон ниските страсти и гревови. Сето тоа нè учи дека покајанието е неопходен и постојан чин, кој го сочинува духовниот живот на секој вистински христијанин.

Затоа овие денови на Великиот пост да ги започнеме со навика за искрено покајание пред Бога и постојано да работиме на промена на нашиот живот.  Ние можеме да ја постигнеме и да ја зачуваме таа внатрешна промена кон подобро и во други прилики во нашиот живот, но постот ни дава поголема сила тоа да го запазиме. Во тоа ќе ни помагаат искуствата на многубројните подвижници и светители, кои се поискусни во таа духовна борба и кои се покажале победители на духовен план преку покајанието. Светите отци и подвижниците нè повикуваат кон тоа внатрешно духовно искуство, кое, пак, ни овозможува живо да го почувствуваме Бога во нашите срца. Зашто кога ќе ја добиеме таа духовна борба, тогаш во нас се вселува Божјата благодат. Тоа е показател на Божјата присутност во нашиот живот. Без тоа искуство и без такво чувствување на Бога во своето срце, нема вистинска преобразба и измена на човековиот живот.

Стапувајќи во периодот на Великиот пост, да испросиме од Господа духовни и физички сили, па да можеме да го измениме нашиот живот на подобро. На тој начин, и постот да го поминеме достојно и со искрено покајание, та истиот да ни биде пријатен, лесен, но и спасоносен, сега и во сета вечност. Амин!

 http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/prvsred2014%2011.JPG

 

 
05.03.2014 година
Прва среда од Великиот пост
храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид

 

 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »