trskavec.jpg

Владиката Климент: Во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс

treskavec1_copy.jpg
 Изгореа конаците, а за среќа остана црквата „Успение на пресвета Богородица“. Срцето на манастирот е спасено. Тажна е сликата која денеска дојде до очите на секој човек со добра волја. „Трескавец“ изгледа на едно големо пеплосано тело, но, фала му на Бога, и на Мајката Божја што во целиот тој пепел живо е срцето, жива е црквата, остана трпезаријата. Кога е жив храмот Божји и кога е жив народот божји што го чини храмот, се надеваме дека во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс сето она што е градено со векови, а денеска за неколку часа беше зафатено од пламените јазици.

Ова изјава ја даде владиката Климент, кој во својот емотивен апел сите да помогнат за да се спаси манастирот, потсетил дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак. Во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска попладнево пристигна во Прилеп.

- Сакам да изразам огромно жалење за овој денешен немил настан кој се случи на манастирскиот комплекс Трескавец. Изгореа конаците, но значајно е тоа што се сочуваа црквата која датира од 13. век и трпезаријата од 14 век - изјави министерката Канческа-Милеска.
Таа вети дека итно ќе се направи план за да се обнови манастирот и оти во моментов стручните лица од прилепскиот Завод и музеј вршат увид на лице место.

- Утре ќе доставиме целокупна информација до Владата. Ќе има акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел. Веднаш ќе се изработи проект и преку надлежните институции веднаш ќе пристапиме да извршиме брза санација и реконструкција за да се вратат автентичноста и сјајот на конаците што изгореа - изјави Канческа-Милеска.

 Општина Прилеп за утре закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет. Пред 23 години прилепчани заедно со сите во Македонија го издигнаа манастирот, така ќе биде и овој пат, уверува градоначалникот Марјан Ристески.

- За прилепчани манастирот „Трескавец“ значи многу. Потресно беше да се гледа како горат конаците. Но уверен сум дека сите заедно повторно ќе го обновиме. Сега е битно да се констатира состојбата, полека да се расчистува теренот и да се најде фирма изведувач на работите, изјави Ристески упатувајќи апел за обновата на манастирот да се придружат сите, не само од Прилеп.

Противпожарните екипи, доброволците ќе останат во манастирот Трескавец сè додека огнот целосно не се изгасне.

 

Извор: + Инфо, А1 он

Преземено од: Бигорски манастир

+++

manastir.Treskavec6.jpg

Друго:

manastir.Treskavec3.jpg

manastir.Treskavec3.jpg

Црквата во основата е еднокорабна, а под длабокиот слој малтерисани ѕидови видливи се фрески што датираат од XIV век.

manastir.Treskavec3.jpg

Фрескоживописот во црквата "Света Богородица" го сочинуваат фрески од различни временски периоди, а најстарите датираат од XV век. Тие илустрираат теми на календар и на светители претставени во полна големина. Впечатливи се фреските на крушевската зографска тајфа од ЏИЏ век. Карактеристични за Трескавец се двокрилната врата и царските двери од XVI век, потоа крстот Космитос од XVII век, како и останатите предмети: певницата, бројните празнични икони и иконите на апостолите од XVII и XVIII век.

Ова е трет познат катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото. Во последниот, пред 23 години, на 9 јануари 1990 целосно изгореа конаците.


Како манастирот го добил името Трескавец
За големото религиозно и културно значење што го поседувал манастирот Трескавец народот раскажал и една легенда за постанокот на името. Таа зборува дека на ден Богородица прилепчани и варошани биле собрани во црквичката Причеста да го означат тој свет ден. Додека траела богослужбата се задал силен тресок кој удрил врз манастирот. Утрината, похрабрите селани, добро наоружани, отишле да видат какво чудо се здало таму. Кога влегле во манастирот, селаните виделе ѕвер убиен врз коските на монасите. После тој настан, жителите го поправиле манастирот и тој повторно заживеал исто како и порано. Оттогаш овој манастир, поради тој силен тресок што надалеку се чул, го носи името Трескавец.

 manastir.Treskavec6.jpg

   

4. февруари, лето Господово 2013