sv.Elisaveta.jpg

 Пинцезата Елизабета Александра Луизе Алис од Хесен-Дармштад (Elisabeth Alexandra Luise Alice von Hessen-Darmstadt) или Велика кнегиња Јелисавета Фјодоровна Романова е родена на 1 Ноември 1864 год. во Дармстад, Република Хесен во Германија. Таа е германска принцеза и внука на кралицата Викторија како и постара сестра на последната руска царица Александра Романова. Пистапувајќи во брак со Великиот кнез Сергеј Александрович Романов, петтиот син на рускиот цар Александар II, и таа станува член на руската царска фамилија. На нивната венчавка во Санкт Петерсбург на 3 јуни 1884 год. се запознава и нејзината сестра Аликс со рускиот престолонаследник Николај Александрович Романов, а по нината венчавка го добива името Александра Фјодорова Романова. 


 sv.Elisaveta.jpg
После смрта на најезиниот сопруг Сергеј Ромнов врз кого беше извршен атентат во 1905 год. Великата кнегиња Елисавета Романова силно се посветува на руската православна вера која што ја примила во 1891 год. и покрај тоа што била воспитана како протенстантка. Го основа манастирот Марта и Марија во Москва и станува негова игуманија каде што им помага на болните и сиромашните.
  sv.Elisaveta.jpg
По падот на царскиот регимент во Русија, кралот на Германија Вилхелм II и нуди помош да ја напушти Русија и да се врати во Германија, но таа одбива секаква помош не сакајќи да го напушти царското семејство Романови на кое му прети опасност дури и после вртлогот на Октомвриската револуција кога и нејзиниот живот е во опасност.   
 sv.Elisaveta3.jpg
На 17 јули 1918 год. во Јекатеринебург свирепо е убиено царското семејство Романови. Наредниот ден убиена е и Елисавета заедно со нејзината придружничка Варвара во Алапајевск, а нејзините последни зборови упатени кон убијците биле:
„Боже прости им, затоа што не знаат што прават.“ 
Денес Руската православна црква ја слави како новамаченичка на 18 јули. Нејзините мошти почиваат во рускиот манастир на рамноапостолна Марија Магдалена во Гетсиманија.
 sv.Elisaveta.jpg
Но покрај тоа што оваа новомаченичка од благородничко потекло е славна во Русија, таа се слави и е добро позната и во Македонија и во македонските манастири, како што е манастирот посветен на светата маченичка руска Елисавета во местото Три води, на падините од Беласица. 
 sv.Elisaveta3.jpg


Додека пак во Дојран се наоѓа манастирот на Св. Марија Магдалена во чијшто склоп е новоизградената црква посветена на руските новомаченици - царското семејство Романови каде една генерација пред тоа учител на царското семејство бил Партениј Зографски.
   sv.Elisaveta6.jpg 
Во скопската околина пак, во прегратките на Скопска Црна Гора се наоѓа женскиот манастирот Св. Никола, над село Љубанци во чија што црква e фрескописана новомаченичката Св. преподобна Елисавета Романова, а една од монахињите го носи нејзиното име:

sv.Elisaveta7.jpg

Elisaveta.imenden.jpg


По молитвите на Св. преподобна новомаченичка Елисавета и Светите Отци наши нека и е вечно името на монахиња Елисавета од Љубанци.
Бог нека и даде здравје и спасение, љубов и смирение...


 sv.Elisaveta.crkva.jpg
 
Црквата посветена на Св. Марија Магдалена во родното место на (Elisabeth von Darmstadt) Елисавета Фјодорова Романова во Дармстад - Германија, изградена на руска земја.

sv.Elisaveta.crkva.jpg

подготвил : Мери Ангелеска