Тропар на светиот Христов великомаченик Евпл ѓакон 11 август / 24 август 2023
Словото Божјо во раце носејќи го,
во срцето твое се всели о свети Евпл ѓаконе,
темнина во пештерата постоеше се додека светлината Христова
преку тебе во неа не се насели.
Словото Божјо во раце носејќи го,
во срцето твое се всели о свети Евпл ѓаконе,
темнина во пештерата постоеше се додека светлината Христова
преку тебе во неа не се насели.
Пастиру Христов Сиксте, служителе на Бога Живиот,
семето посадено добро го негуваше,
пример давајќи на ѓаконите од службата жива не отстапи,
од Жртвата непорочна.
На Твоето Име слава подај Господи,
на Твоето Име слава воздај,
преку устата на апостолот вистината пред старата црква се посведочи.
Божествен плод на Радовиш,
голема пофалба на Солун си се покажал
новомаченику Спасо, храбро си го исповедал Господа
и заради Него си ја пролеал својата крв.
Испоснички подвизувајќи се на гората,
со Крстот како силно оружје,
умното мудрување на демонските полкови го разруши,
о ти блажен Дометие.
глас 7
Христе Боже, си се преобразил на планината,
покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,
колку што можеа (да видат).
Велики Евсигние на земните цареви војниче,
Бог те удостои да посведочиш за Неговата љубов према родот човечки,
годините на земниот живот ти ги продолжи
награден да бидеш како исповедник на вистината,
Големи чудеса на верата
се покажаа во пештерата
која како царска одаја послужи
на Светите седум Отроци,
умирајќи без тело,
по многу време се подигнаа како од сон,
посведочувајќи го воскресението пред сите луѓе.
По нивните молитви, Христе Боже помилуј нѐ.
О мајко апостолова,
ти која славата Божја пред сé ја посакуваше,
Тебе Христос умот ти го озари,
до познание дојде дека волјата Господова е над секоја желба човечка,