ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

 

Тропар на Сретение на нашиот
Господ и Спасител Исус Христос
2 / 15 февруари

Глас 1
Радувај се Благодатна  Богородице Дево,
зашто од Тебе засветли Сонцето
 на правдата, Христос нашиот Бог,
 Кој ги просветлува оние што се во темнина.
Весели се и ти, старче праведни,
 кој го прими во прегратките
Ослободителот на  душите наши,
Кој ни дарува воскресение.


 
Извор МПЦ-ОА

 

Тропар на светиот Христов
предобномаченик Гаврил
2 февруари / 15 февруари

3.angeli.so.truba

Морето го прими телото твое за денот Господов,
а ние сведоштво за Нетленото царство Божјо,
о Гавриле преподобномачениче,
венци прими од Владиката за девственоста,
подвигот и мачеништвото,
а од нас величание и молби за твоето застапништво,
пред Оној за Кого твојата душа ја обручи.

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот Христов
новомаченик Јордан Трапезунтски
2 февруари / 15 февруари

3.angeli.so.truba

О Јордане пофалбо на Црквата,
устата твоја Христос го исповеда,
кога лагата се понуди во замена за живот вечен,
пред луѓето и пред ангелите остана радосен во подвигот,
и жив во Христа Господа,
пред Кого се молиш за спасение на оние,
кои притекнуваат кон тебе.

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Од Верскиот календар на МПЦ (15.02.2024) 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

Sretenie.Gospodovo.jpg

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј.

Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сѐ, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир.

Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.