ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите
Христови маченици
Маркијан и Мартириј
25 октомври / 7 ноември

7.Vselenski.sobor

Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи,
телото наше го зеде но Бог по суштина остана,
мачениците Твои Маркијан и Мартириј, вистинската вера ја испишуваа,
но не само на хартија туку и со своите животи ја посведочија.
Примајќи го нивното исповедување, со двоен венец ги украси
и по нивните свети молитви ги спасуваш,
оние кои го примија словото од нив запишано.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов маченик
Анастасиј
Солински и Далматински
25 октомври / 7 ноември

Ревноста твоја во верата Христова
без плодови не остана, Анастасие свети страдалниче.
За твоето исповедување венец на бесмртноста
доби од Господа и за нас застапник
пред Него постана, кои светиот спомен твој
го чествуваме, од Далмација и по целата вселена.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Тавита
25 октомври / 7 ноември

Силата животодавна Господова се допре до тебе,
о, Тавито света и верата Петрова
благодатно измоли за тебе продолжување
на твоите добри дела, со кои Го прослави Господа,
а за нас сведоштво, дека во Бога е животот и бесмртноста.
Затоа денес за нас моли се, ликувајќи во небесните дворови.

7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче



Православен календар за 06/11/2018  

 

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

Светите маченици Маркијан и Мартириј

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин Ариевата ерес, којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија. Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј. Во тоа време, кога Православието имаше пред себе две лути борби, една со незнабожците друга со еретиците, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше чтец, а Мартириј ипоѓакон при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, но кога овие Свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на Бога благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нѐ да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“ Тогаш ги потклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни мошти подоцна во нивно име подигна црква Св. Јован Златоуст.

Светиот маченик Анастасиј

Беше валар на платно и ревносен христијанин. Во времето на гонењето на Диоклецијан овој Божји човек самиот му се јави на судијата мачител во Далматинскиот град Солин и ја исповеда својата вера во Христа. Нечовечно го мачеа пред да го убијат. Телото му го фрлија во морето, но потоа беше извадено и погребано чесно.

Esen.manastir1.jpg

Света Тавита

Тавита (што значи срна) беше апостолска ученичка и живееше во Јопа, сегашна Јафа. Беше исполнета со добри дела и милостиња (Дела 9, 36). Но ненадејно изнемоште и умре. Ужалените ученици испратија по Петар, молејќи го да дојде и да ги утеши роднините. Кога дојде, големиот Христов апостол им нареди на сите да излезат од собата кај што лежеше покојната и клекна на молитва. Кога ја заврши молитвата возвикна кон мртвото тело: „Тавито, стани!“ И Тавита ги отвори очите и стана. Поведени од овој чудесен настан могумина поверуваа во Господ Исус Христос.