ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Агатангел Битолски
27 февруари / 11 март

Следејќи го Христа на Голгота,
благодатта  го исполни срцето твое,
и со ревност мажествена истапи пред дверите на беззаконието,
за да се врати слободата на угнетените,
o Агатангеле светол мачениче, награда не те одмина,
глава твоја во слава овенчана небесата ја прославија,
и ние денес поклонение и чествување принесуваме,
Бога Го прославуваме, Кој по твоите
молитви свети милост голема кон нас покажува.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на
преподобниот отец
Талалеј
27 февруари / 11 март

Ученику Христов, Талалее свети,
Учителот те освети знаците на времињата да ги распознаваш,
кои за покајание Он ги даде на родот човечки,
во тебе Господ го исцрта патот на преумувањето,
плачот на радоста и сладоста на молитвата.
Тебе те молиме сега и секогаш оче благодатен,
за нас застапи се пред Престолот Вечен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов исповедник
Прокопиј Декаполит
27 февруари /11 март

Благодариме за лицето со бори прекриено,
и за браздите од солзи ископани, свети исповедниче Прокопие,
но се радуваме на ликот твој очистен и прославен
од Небесните висини, кој нам благодат ни дарува од Христа Бога,
поради мачеништвото, награда за исповедништвото,
но и за молитвите принесени тогаш, а и сега за родот човечки.



 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (11.03.2023)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Преподобен Прокопиј Декаполит

Овој светител беше од Десетоградието (Декаполис) околу морето Галилејско, заради што и се нарече Декаполит. На испоснички живот се предаде во младоста и ги мина сите пропишани подвизи за очистување на срцето и возвисување на духот кон Господ. Но кога настана гонењето за иконите од страна на злобниот цар Лав Исавријанин, Прокопиј стана во заштита на иконите, докажувајќи дека иконопоклонувањето не е идолопоклонство, зашто христијаните знаат дека поклонувајќи им се на иконите не ѝ се поклонуваат на материјата туку на живите светители насликани на иконите. Заради ова го мачеа ѕверски, го затвараа, го биеја и го стругаа со железо. Кога беше убиен злобниот цар Лав, иконите беа вратени во црквите, а Прокопиј се врати во својот манастир и во него во мир го проживеа остатокот од животот. На старост се пресели во Царството Божјо, каде што со радост ги гледа ангелите и светителите чиишто ликови ги чествуваше на иконите на земјата. Мирно се упокои во 9 век.

Преподобен Талалеј

Испосник сириски. Прво се подвизуваше во манастирот на Свети Сава Осветен, но потоа се насели на некои многубожечки гробишта прочуени по појави на демони и плашила. За да го победи стравот во себе со верата во Бога, Талалеј се насели таму и на гробиштата живееше долги години многу трпејќи од нападите на злите духови дење и ноќе. Заради големата вера и љубов кон Господ, Он му даде дар на чудотворство, па им направи многу добрини на болните и страдални луѓе. Се упокои околу 460 година.

 

Светиот маченик Агатангел Битолски

Запис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот:

sv.agatangel.bitolski1.jpgОваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј, 1827, февруари 25“.
Синаксар на празникот на „Св. Агатангел Битолски“