ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ   

Тропар на светите три
Ерарси и велики учители
Василиј Велики, Григориј Богослов
и Јован Златоуст
30 јануари / 12 февруари

3.angeli.so.truba

Богословието без ревност не се измолува,
ревноста без љубов висина не достигнува,
љубовта е дар од Бога кој со ништо не се купува,
и трагајќи по него до Пресветиот се стигнува,
о богослови, ревнители и милозвучни струни
-    Василие, Григорие и Јоване,
до Христа стигнавте Кој при Себе ве привлече,
затоа молете се за нас на кои Надеж ни е Отецот,
прибежиште Синот, а покров Духот Свети.
Троице Пресвета слава Ти.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Иполит Римски, Кенсорин, Савин,
Хрисија девица и дваесет маченици со нив
30 јануари / 12 февруари

3.angeli.so.truba

Кон вас денес повикуваме,
 еј вие Христови велможи, целиот живот
во раце Негови го предадовте,
нам барем десеток дајте ни од вашите молитви,
Кенсорине – ти со Господа мртви воскреснуваше
и венец од дваесетмина во Царството принесе,
Хрисио блажена девице – чистотата твоја
во Христа стана поголема од морската длабина,
Савине – чеканот и мачењата
само повеќе ја искалија душата твоја,
о Иполите пастиру наш – какво стадо
тебе Христос ти довери.
Господи слава Ти!

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (12.02.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

    Тројцата Свети архиереи

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.

Светиот свештеномаченик Иполит

Пострада за верата во времето на Клавдиј. Кога девицата Хрисија во Рим беше немилостиво мачена за Христа, тогаш за неа пред мачителите се застапи Св. Иполит и ги изобличи. За овој протест го изведоа на суд и го осудија на смрт после долги мачења. Му ги врзаа рацете и нозете и го потопија во морето. Со него и со Хрисија пострадаа уште дваесетмина други маченици. Свети Иполит пострада во 269 година.