ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Христов преподобен
Ефрем Сирин
28 јануари / 10 февруари

3.angeli.so.truba

Смирението и кротоста твоја о Ефреме Сириски,
ангели привлекоа од Небесата,
да донесат повелба Господова, да наградат уста благоразумна.
Ти кој си закитен со незлобливост,
дар од Бога за простување добивајќи,
ги учиш верните да ги согледуваат своите слабости
и така во смирение да ги спасуваат нивните души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
преподобен Исак Сирин
28 јануари / 10 февруари

3.angeli.so.truba

Длабочино на смирението,
кој Христа го позна како оган љубовен,
Кој гори и не изгорува,
Исак свети преподобен,
учителу на смиреномудрието,
пред чии зборови за Вистината и денес треперат демоните,
за нас моли се ти кој пред Бога слобода имаш,
Домостроителот да прости, заштити и спаси,
по твоите, о пастиру, свети молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Паладиј Пустиник
28 јануари / 10 февруари

3.angeli.so.truba

Преподобен оче наш Паладие,
преку тебе Христос раздели на народот:
на едните мудрост од делата твои,
а на другите знаци од благодатта –
мртви воскреснуваше и други чуда твореше,
и во тебе оче свети на чии молитви се надеваме
Вистината уште еднаш посведочи за силата
на оние кои го љубат Господа.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (10.02.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

apostol.Timotej.jpg

Преподобен Ефрем Сирин

Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господ Исус. Му беше ученик на Св. Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестајно му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни. Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“. Кога сакаа насила да го земат за епсикоп, почна да се прави луд и да јури низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мир. Му беше современик и пријател на Св. Василиј Велики. Св. Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа. Се упокои во длабока старост во 378 година.

apostol.Timotej.jpg

Преподобен Исаак Сирин

Роден е во Нинива и во младоста се подвизуваше во Мар-Матејскиот манастир близу Нинива. Кога се прочу со светоста на животот и со многубројните чуда, го избраа за епископ Нинивски и го принудија на тој чин. Но после пет месеци тој го остави епископството и тајно се оддалечи во оддалечениот манастир Раббан-Шабур. Состави многубројни дела, од кои до нас дојдоа околу сто беседи за духовниот живот и подвижништвото, пишувани главно од сопствен опит. Неспоредлив психолог и раководител во духовниот живот. Дури и светителите како Св. Симеон Дивногорец од него бараа совет. Се упокои во длабока старост на крајот од 7 век.

Преподобен Паладиј Пустиник

Сириски пустиник. Голем подвижник и чудотоворец. Пред неговата келија осамна трупот на некој богаташ, кого разбојниците го беа ограбиле и убиле. Кога го потераа Паладиј на суд, тој за да се спаси од неволјата, се помоли на Бога и мртовецот воскресна. Се упокои во Господ во 4 век.