Тропар на Собор на  св Јован Крстител  
  7 јануари / 20 јануари

  
Глас 2 
   Споменот на праведникот е со пофалби,
 а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа,
 Претечо, оти навистина се покажа  

   најпочитуван  меѓу пророците,  
бидејќи се удостои да го крстиш во водите
  Оној за Когошто тие проповедаа.
Затоа, откако пострада за вистината радувајќи
      и на оние во адот им го благовести
 Бога Кој се јави во тело, 
      Кој го зема гревот на светот    
   и  ни дарува милост голема.
                                                                          
Извор МПЦ-ОА

Тропар на светиот
новомаченик Христов
Атанасиј
¬7 јануари / 20 јануари

Верата те искали свети мачениче Атанасие
во камен тврд непоколеблив,
Христа исповедувајќи го,
посака и илјада пати смрт,
отколку да се откажеш од Него,
затоа те сочува нетлен во векови,
и за нас молитвеник чии молби,
за наше спасение Он ги услишува.
 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


и друг:

Тропар на соборот на
светиот Христов Претеча
Јован Крстител
7 јануари / 20 јануари

Велики Јоване, од мајка роден,
од Господа – Ангел во тело подигнат
денес соборно ние верните те чествуваме,
пофалуваме и поклонение ти вознесуваме,
десницо положена на главата Господова,
гласу на милоста Божја,
моли се за нас кои преку тебе,
го прославуваме Господовото Име.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 20/01/2019

vozdvizenie.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:    

vozdvizenie.jpg

Свети Јован Крстител

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.