Тропар на светиот
Божји пророк Малахиј
3 јануари / 16 јануари

Во вечниот ден Господов,
лице в лице проповеда Апостолот да се видиме,
а ти Пророче на Христовото доаѓање,
со Ангелот вазден собеседеше,
благодатта на јаве светлина од тебе излеваше
народ во закон Божји приведуваше,
моли се за нас ти кој сега стоиш
пред престолот на славата.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Крстител Слепче


Тропар на светата
Геновева
3 јануари /16 јануари

Светол пламен се пред Господа твоите молитви,
о Геновево мајко наша преподобна,
силна река се солзите твои,
кои Бога го умилостивуваат.
До крајот на вековите за нас моли се,
ти вечна покровителке на нажалените,
заробените од окови и гревови, Невесто Христова,
девојко од свитата на Пресвета Богородица.

Кондак
По твоите молитви Христос го пасеше
Израилот во градот Париз,
со твоето застапништво Троичниот
 опоменуваше и простуваше,
твојата глава приклонета пред престолот измоли
покров од Пресвета Богородица,
о Геновево гулабице Христова света.
             

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 16/01/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:    

 sv.S.Sarovski3.jpg

Светиот пророк Малахија

Според редоследот на времето тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал ангел, можеби заради неговата надворешна убавина или заради чистотата на душата или пак затоа што се дружел со Божји ангел. Често говорел со ангелот лице в лице. Се случувало и другите да го чујат гласот на ангелот, но не биле достојни да му го видат лицето. Она што му го јавувал ангелот, младиот пророк го пророкувал. Викал кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно го прорекол јавувањето на Свети Јован Крстител. Но главно тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се престави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.

Света Геновева

Заштитничка на градот Париз. Со подвиг на пост, молитва и милостиња се удостои со Царството Божјо и се упокои на 3 јануари 512 година во осумдесет и деветтата година од нејзиниот живот.