Тропар на светиот
преподобен отец Серафим Саровски
2 јануари /15 јануари

Глас 4
Од младоста Христа си го засакал, Блажен, 

                                   на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.

          Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината, 

            со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова,   

                      си бил сакан избраник на Божјата Мајка. 

     Поради тоа и ние Ти повикуваме:
Спасувај нe нас по Твоите молитви,
Серафиме, преподобен оче наш!


 
Извор МПЦ - ОА

 

 

Тропар на светиот
Силвестер папа Римски
2 јануари / 15 јануари

Силата Господова преку тебе во кротост се претвоти,
о, смирен слуго Господов Силвестре,
а смирението ти подари пријател во лицето на Духот Свети,
о, исповедниче на вистината до крајот на времињата,
Христос по товите молитви ги приведува
во рајот на сладоста оние
кои преку тебе во Него поверуваа.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 15/01/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:    

 

sv.S.Sarovski3.jpg

Преподобен Серафим Саровски

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

sv.S.Sarovski3.jpg

Свети Силвестер, eпископ Римски

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.