ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Игнатиј Богоносец
20 декември / 2 јануари

7.Vselenski.sobor

Носејќи го Христа жив во твоето срце,
Игнатие свети, Богатството твое на Небесата
невидливо се укотви, а за нас оставајќи го срцето телесно,
видливо ни е посведочено дека Христос
целосно се вселува во оној кој
Неговото име постојано го призива.
Радувај се Игнатие свети кој со таа радост
патот кон Бога ни го осветли.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот отец
Јован Кронштадски
20 декември / 2 јануари
Глас 4
На верата православна поборниче,
на руската земја страдалниче,
правило на пастирите и пример на верните,
на покајанието и животот во Христа проповедниче,
на Божествените Тајни побожен служителу
 и за луѓето смел молитвениче,
праведен оче Јоване, исцелителе и прекрасен чудотворче,
на градот Кронштад пофалбо и на Црквата наша украсу,
моли Го Себлагиот Бог да го смири светот
 и да ги спаси нашите души.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА



Тропар на светиот
Христов маченик
Јован дете
20 декември / 2 јануари

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Планината не се затресе ниту се помести
за тебе свети Јоване, туку небесата се
отворија и времето застана за да се
слушне појот на Ангелската слава
која мачеништвото со венец оросено
го возведе до Царството Небесно.
Спомни си за нас пред
Христа Спасителот за сите.

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 Тропар на светиот Христов епископ Филогониј Антиохиски
02/01/2022  

 Достојнославен Божји пастиру,

Филогоние свети оче, од младоста мудроста

Господова срце ти придоби,

а ти поучен од милоста на Совршениот,

пример стана утешителен за многумина:

вдовици заштитувајќи, сираци вдомувајќи

и чувар на Христовата вистина во Црквата Негова постана.

По твоите молитви нека Благиот нѐ сочува

од секое застранување во верата

во овој прељубодеен свет.

 

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 02/01/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 

vozdvizenie.jpg

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

vozdvizenie.jpg

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.