ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов маченик Бонифациј
19 декември / 1 јануари

7.Vselenski.sobor



Бонифацие свети мачениче,
покајанието кон Љубовта Христова те поведе,
напоен со молитвите на мачениците,
ти за себе простување и венец од Господа измоли,
а за Аглаида, твојата придружничка солзи кои
ја мијат секоја нечистотија на човековата душа.
Моли се свети мачениче по твоето застапништво
да добиеме простување на греговите.

7.Vselenski.sobor
 

Извор МПЦ-ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 

 

Тропар на светиот
Христов aрхиепископ
Григориј Омиритски
(Григентиј)
19 декември / 1 јануари

7.Vselenski.sobor

Светлината од исток ја надмина ѕвездата,
и го исполни срцето Твое блажен Григорие,
слободен во Христа.
Господ преку тебе ги ослободи душите,
заробени од верата суетна, о пастиру Христов,
Него – Светлината незалезна која го осветува човекот,
моли го да ги спаси нашите души.

7.Vselenski.sobor


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на преподобната мајка
Аглаида Римјанка
19 декември / 1 јануари

7.Vselenski.sobor

Глас 5
Христовото Име срце ти разгоре,
покајанието умот го запали и во познание
на преумувањето те приведе,
о Аглаидо, радувај се ти која очи подигна кон небото.
Бонифациј светиот како миомирисен дар од Бога го прими,
за твое спасение и на Христа прославување,
Кој сега и твоите молитви ги услишува
принесени за нас кои од Него бараме милост голема.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот отец
Бонифациј милостив
епископ Ферентиски
19 декември / 1 јануари

7.Vselenski.sobor

Глас 1
Чудотворче Божји Бонифацие,
милост второ ти е име, кротост од Господа на дар доби, чудотворство е дарувано во слава Негова.
Моли се за нас свети епископе,
милостив да биде Оној Kој храна ти умножуваше,
но најпрво срце со мелем на добрина залеваше,
на секого во неволја жалост да лекуваш.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

Тропар на преподобниот отец Илија Муромец Печерски
01/01/2022

Отецот Небесен те подари на родот човечки,

покровител молитвен пред Него за нас да бидеш,

о Илија оче преподобен, и застапник

на сите раслабени и обременети,

кои го чествуваат оче свети,

светиот спомен твој и почит подаваат

на нетленоста која Царот на Славата

ја подари на телото твое.

 

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 


Тропар на светиот маченик Христов Полиевкт од Кесарија Кападокиска
01/01/2024

Проповедниче на вистината,

усто благоглаголива која мноштво од смртна сенка

благодатно кон Патот, Вистината и Животот поведе.

Напоен со огнот на љубовта Христова,

мачеништвото ти стана патека кон небесата.

Затоа за нас сега моли се, кои денес

чествување и пофалба ти вознесуваме.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Тропар на светиот Христов маченик Тимотеј Мавританиски
01/01/2022

Амвонот за проповед на вистината евангелска,

го поведе по сите патишта на животот твој земен,

о, свети ѓаконе Тимотее, за на крај

да пристигнеш низ вратата на огнот

до небесниот Oбручник на душата твоја.

Сега за нас моли се пред Него, Кој

со венец маченички те овенча,

пред лицето на целата вселена.

 

  

  Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 

Тропар на светите Христови маченици Илија, Пров и Арис Египетски
01/01/2022

Срце си напоивте со утеха Божја,

душа си лекувавте со благодат подарена,

о, свети страдалници Илија, Прове и Арисе.

Богатството духовно ви послужи тело да се смири

пред наезда на маки минливи,

а духот бодар да се пресели во предели рајски небесни,

од каде за нас спомнете си,

о, свети Христови маченици.

 


 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 01/01/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Светиот маченик Бонифациј

Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија.

 vozdvizenie.jpg

Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година.

Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски

Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.