ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
Христов архиепископ
Дионисиј Егински
17 декември / 30 декември

7.Vselenski.sobor

Стражарејќи над умот свој,
срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот,
о Дионисие архиепископу,
во жртва целосна за Христа спремна,
те подготви пустината,
и во пример за простување кон великите те приброи Црквата,
затоа денес пред нас Господ те прославува,
и преку тебе, Својот пријател, нас нѐ приведува,
да се молиме и на твоите молитви да се надеваме.

7.Vselenski.sobor


 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на светите
преподобномаченици Христови
Патермутиј, Коприј и Александар
17 декември / 30 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 8
Твоите молитви со Божјата благодат разгорени,
свети Патермутие, ги смирија при Коприја брановите на колебањето, и верата во него ја зацврстија.
Поитавте заедно со Александар животот со радоста
Христова да си го исполните и ослободени од
тежината на земноста како гулаби кон Небесата поитавте,
каде сега за нас се молите пред Царот на славата.

7.Vselenski.sobor
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
исповедник Христов
Стефан
17 декември / 30 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 3
Животот венец истоименит ти исплете
о Стефане преподобен оче наш,
и гледајќи ја ревноста твоја круната на
исповедништвото не те одмина,
тебе свети мачениче.
Патот земен едно Светило имаше,
кое Светлина на светот донесе,
а тебе единствен Пат, Вистина и Живот ти постана,
пред Кого и сега се молиш за наше спасение.
7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот пророк
Даниил и трите момчиња:
Ананиј, Азариј и Мисаил
17 декември / 30 декември

Glas 2
Колку се совршени делата на верата,
во пламените извори,
како во вода на успокојување,
светите три момчиња се радуваа.
И пророкот Даниил на лавовите,
како пастир на овци се покажа.
По нивните молитви Христе Боже,
спаси ги нашите души.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 30/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

vozdvizenie.jpg

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

Тропар на светите
Tри отроци и
пророк Даниил
17 декември / 30 декември



Glas 2
Колку се совршени делата на верата,
во пламените извори,
како во вода на успокојување,
светите три момчиња се радуваа.
И пророкот Даниил на лавовите,
 како пастир на овци се покажа.
По нивните молитви Христе Боже,
спаси ги нашите души.

 

Извор МПЦ – ОА