ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 

Тропар на светиот
Божји пророк Агеј
16 декември / 29 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 2
Агее свети пророче, ти кој поведен беше,
 храмот Господов духовно да го осознаеш,
оној кој човек не го гради,
туку Господ за три дена го воскреснува,
моли се свети јасновидче,
верата да нé поведе во Небесните домови.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светата
царица Теофанија
16 декември / 29 декември

7.Vselenski.sobor

Срцето свое кон Бога подигнувајќи го,
измоли од Него милосрдие непрестано,
Теофанио мајко наша од Христа возљубена,
моли се за нас пред Господарот на животот,
ти која бисер постана на Неговата волја и заповеди –
 прослава Господова со сите светии во вечни векови.

7.Vselenski.sobor




 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар на светиот
Христов патријарх
Никола Хрисоверг
16 декември / 29 декември

7.Vselenski.sobor

Христов пастиру Николае,
ти кој постана рака продолжена на Божјата благодат,
смирено со паствата раководејќи,
ангели приведе на славословие во земната Црква,
отци богоносни заблескаа во вселената,
и за многумина измолувајќи спасение –
застапи се за нас пред Оној,
Кој тебе те удоми во Царството Небесно.

7.Vselenski.sobor


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Марин сенатор
16 декември / 29 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 5
Вистината слобода ти подари
од грижите на овој свет, о сенаторе и ти
од познат на малкумина стана пофалба
на Името Христово по цела вселена – Марине свети мачениче. Недостапен за земните стихии,
тврд дијамант стана за човечката злоба,
и затоа за нас застапи се пред Бога,
за да и ние вкусиме од плодовите на Христовата победа.


7.Vselenski.sobor
7.Vselenski.sobor 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 29/12/2023
3

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

sv.prorokAgej.jpg

Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел. Се упокои на старост.

 

Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски

Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на Светиот архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство.

vozdvizenie.jpg

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и и се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во зат вор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на Св. пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го броеше своето царско достоинство за нешто. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостиња, обновуваји многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Света Троица (Педесетница).