ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Божји пророк Наум
1 декември / 14 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Божји човеку и пророку Науме,
тебе Господ ти ги откри патиштата на благодатта,
Он простува но не заборава,
сѐ додека сокот од гранката на гревот не се исуши,
по твоите молитви Тој нека нѐ заштити,
спаси и сочува во вечни векови.

Тропар на свети
Филарет милостив
1 декември / 14 декември

Глас 4
Поддржувајќи го Авраам во верата,
следејќи го Јов во трпението,
земните богатства, оче Филарете, ги раздели на сиромасите,
мажествено трпение покажа кога од нив се раздели.
Затоа со светол венец те овенча Подвигоположникот
Христос, нашиот Бог.
Него моли Го да се спасат нашите души.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА







Тропар на преподобниот отец
Антониј нови
1 декември / 14 декември

7.Vselenski.sobor

 

7.Vselenski.sobor
Глас 1
Смирението твое о Антоние до совршено
послушание те донесе,
нахранет со благодатта Христова смелост пред Него доби
само ¬¬едното потребно да го побараш.
Радувај се оче свети на кого гревовите
му беа простени и за нас моли се,
заштитени од твоите молитви
Светлината Небесна да ја видиме.

 


7.Vselenski.sobor
 

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 14/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 

 

 Од Верскиот календар:

 

 Св. прoрoк Наум. Рoдум oд плeмeтo на Симeoн, вo мeстoтo Eлкeсeм, oд другата страна на Јoрдан. Живeeл 700 гoдини прeд Христа. Двeстe гoдини пoслe прoрoкoт Јoна ја прoрeкoл прoпаста на Нинивија. Заради прoпoвeдта на Јoна, Нинeвјанитe сe пoкајалe и затoа Бoг ги пoштeдил и нe ги пoгубил. Нo сo врeмe тиe ја забoравилe Бoжјата милoст и пoвтoрнo сe расипалe. Прoрoкoт Наум им ја прoрeкoл прoпаста. Па бидeјќи нe сe пoкајалe, нe билe ни пoштeдeни. Oд зeмјoтрeс, пoплава и oд oган прoпаднал цeлиoт град, така штo пoвeќe мeстoтo нe сe прeпoзнавалo. Св. Наум пoживeал 45 гoдини и сe упoкoил вo Гoспoда, oставајќи eдна мала книга за свoитe вистински прoрoштва.

vozdvizenie.jpg

Свети Филарет Милостив

Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.