ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот патријарх Калист Цариградски

и неговиот сотрудник Игнатиј
22 ноември / 5 декември

7.Vselenski.sobor

О вие мажи обручени за љубовта Божја,
о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,
Калисте и Игнатие отци наши преподобни,
молете Го Младоженецот на душите човечки
ширум да ги отвори за нас рајските порти.

 

 

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 05/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Свети Калист, патријарх Цариградски    

Наречен Ксантопулос според келијата Ксантопула на Атонската Гора, каде што тој се подвизуваше долго време со својот соподвижник Игнатиј. Заедно со Игнатиј во сто глави го опишаа сопствениот опит во безмолвниот живот. Ова дело зазема мошне видно место во подвижничката книжевност. Калист беше под големо влијание на својот учител Св. Григориј Синајски, чиешто житие го напиша тој. Како патријарх Цариградски Св. Калист еднаш појде во Србија и на тоа патување се разболе и умре (како што по патот, на Света Гора, му прорече Св. Максим Капсокаливит).