ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 

Тропар на светите Христови
апостоли  Клеопа, Терциј,
Марко, Јуст и Артем
30 октомври / 12 ноември

Апостоли свети Христови,
трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,
со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,
молете се о свети благовесници,
Клеопо, Терцие, Марко, Јусте и Артеме
 да имаме вера колку синапово зрно
и нашите животи, по вашите молитви на Христа да ги предадеме.

7.Vselenski.sobor 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 12/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светиот свештеномаченик Зиновиј
и сестра му Зиновија

Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера и големото материјално богатство ги наследија од нивните родители. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две - живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се поклониш“. Свети Зиновиј одговори: „Животот без Христа не е живот туку смрт, а смртта заради Христа не е смрт туку живот.“ Кога го подложија на маки, на судијата му се јави Зиновиевата сестра и му рече: „Чашата на страдањата сакам да ја испијам и јас, и да се овенчам со таков венец“. После многу маки во оган и зовриена смола, обајцата беа убиени со меч околу 285 година. Така овие брат и сестра се преселија во бесмртното Царство Христово.

2. Св. ап. Клeoпа, Тeрциј, Маркo, Јуст и Артeм сe oд сeдумдeсeттe апoстoли. На Клeoпа му сe јавил вoскрeснатиoт Гoспoд на патoт за Eмаус. Тeрциј гo напишал пoсланиeтo на апoстoлoт Павлe дo Римјанитe (Рим. 16:22) и завршил мачeнички какo eпискoп Икoниски, пo апoстoлoт Сoсипатр (види, 10 нoeмври). Св. Маркo (или Јoван, види, Дeла, 12:12), син на благoчeстивата Марија, чиј штo дoм бил засoлништe на апoстoлитe и првитe христијани вo првoтo врeмe и рoднина на Варнава. Бил eпискoп вo самарискиoт град Апoлoнијада. Јуст бил син на Јoсиф свршeникoт. Заeднo сo Матија бил биран сo жрeпка на мeстoтo на прeдавникoт Јуда, нo oстанал нeизбран. Какo eпискoп пoстрадал за Eвангeлиeтo вo Eлeфтeрoпoл. Св. Артeм бил eпискoп вo Листра Ликаoниска и мирнo завршил.