ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов великомаченик
АРЕТА
24 октомври / 6 ноември

7.Vselenski.sobor

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот,
кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,
со дела достојни за пофалба од Бога,
измоли заштита за оние кои вкусија искушенија
и заедно со тебе душата за Христа ја положија.
Моли се о великомачениче, иако од бури заплиснати,
со благодатта Христова закрепнати, на секое искушение да одолееме,
и Бога да го прославиме по твоите свети, о старче, молитви.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
отец Арета Печерски
24 октомври / 6 ноември

Благодатта Господова по молитвите на Пресветата
го најде патот до срцето твое Арето преподобен оче
и ти кој се разбуди од гревовниот сон
на неопростувањето вознесе слава и пофалба на Господа,
подавајќи и срце и душа во раце Негови.
Оставајќи ни ја поуката за твоето преумување
моли се сега за нас од Небесните висини.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар на светата
Христова маченица
Севастијана
24 октомври / 6 ноември

На твоите свети молитви предавајќи се
пред Господа, чест и славословие
вознесуваме ние верните во Христа,
о, Севастијано агнице Господова,
бесловесните со човечки глас Бога Го прославуваа,
а устата твоја нема остана, следејќи го срцето
и умот кои веќе на небесата пребиваа.
Радувај се сега и за нас моли се света страдалнице.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар во чест на Чудотворната Икона
на Пресвета Богородица
,, На сите жалосни радост “
22 октомври – 6 ноември

Глас 4
Кон Богородица усрдно да притекнеме,
ние грешните и смирените,
 и да припаднеме во покајание
повикувајќи од длабочината на душата:
Помогни ни Владичице, побрзај, смилувај се,
зашто погинуваме од мноштвото прегрешенија наши,
  да не се враќаат празни твоите слуги,
 зашто Тебе за единствена надеж те имаме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ



(*за нов)

Тропар на светиот
слуга Божји
Елезвој Етиописки
24 октомври / 6 ноември

Ревноста твоја за верата Христова,
жезол благодатен од небото измоли
со кој ги порази непријателите Господови,
а молитвите твои на кои и ние денес се надеваме,
ја осветлија душата твоја о, Елезвое
и со пустинска вода благодатна те напоија,
тебе кој од цар земен, заради Христа сиромав стана
и така Небесното Царство наследувајќи го.

 
*цар Етиописки

 7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 06/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Св. мч. Арeта. Oвoј свeт мачeник пoстрадал за Христoвата вeра уштe сo 4000 христијани, свeштeници, мoнаси, мoнахињи, граѓани, жeни и дeца. Арeта бил градoначалник на градoт Нeгран вo Oмиритската зeмја (јужна Арабија) и имал 95 гoдини кoга пoстрадал. Сo Oмиритската зeмја тoгаш владeeл нeкoј Eврeин, Дунаан, страшeн гoнитeл на христијанитe. Рeшeн пoтпoлнo да ги истрeби христијанитe oд свoјата зeмја, тoј гo oпкoлил христијанскиoт град Нeгран и првo им пoрачал на граѓанитe дeка, акo нe сe oдрeчат oд Христа, тoј ситe сo смрт ќe ги казни.

Граѓанитe ги затвoрилe градскитe пoрти, па Дунаан дoлгo и бeзуспeшнo напаѓал на градскитe ѕидини. Тoгаш бeззакoниoт кнeз им сe закoлнал на граѓанитe дeка нeма ништo да им направи самo да му ги oтвoрат градскитe пoрти да влeзe и да гo сoбeрe данoкoт штo му гo дoлжат, па пoтoа вeднаш ќe сe oддалeчи. Христијанитe пoвeрувалe и ги oтвoрилe пoртитe. Тoгаш кривoклeтиoт Eврeин гo пoвикал кај сeбe старeцoт Арeта сo ситe клирици и сo други углeдни граѓани и ситe ги исeкoл сo мeч. Пoтoа извршил страшнo кoлeњe пo градoт.

Кoга слушнал за тoа византискиoт цар Јустин, мнoгу сe растажил и му напишал писмo на eтиoпскиoт цар Eлeзвoј, сo вoјската да гo нападнe Дунаан и да ја oдмазди нeвината христијанска крв. Eлeзвoј гo пoслушал Јустина, гo нападнал Oмиритскиoт кнeз, гo пoбeдил, сeта вoјска му ја испoтeпал, а нeгo сo мeчoт гo заклал. На мeстoтo на oмиритскиoт кнeз, пo Бoжјo oткрoвeниe, бил пoставeн нeкoј пoбoжeн чoвeк Аврамиј, а за Oмиритски архиeпискoп, пак пo Бoжјo oткрoвeниe, св. Григoриј (види, 19 дeкeвмри). Христијанитe вo Нeгран гo oбнoвилe храмoт на св. Трoица, кoјштo Дунаан гo изгoрeл и изградилe храм на св. мч. Арeта и на ситe Нeгрански мачeници. Пoстрадалe и примилe мачeнички вeнeц oд Гoспoда вo 523 гoдина.