ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светата
Христова великомаченичка
Ефимија сефална
16 септември / 29 септември

Возљубувајќи го твојот Жених, Христос,
светлата твоја свеќа ја подготви,
но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимио,
со тоа ти за Него се оневести,
венец за страдањата од Него примајќи.
Затоа од беди избави нé нас,
кои со вера го чествуваме твојот свет спомен.


Извор МПЦ – ОА

 

 Тропар на преподобниот пустиник
Доротеј Египетски
16 септември / 29 септември

Ревносен подвижнику Христов,
кој крстот свој го понесе
и на него ја распна сета напаст демонска,
Доротее преподобен оче,
одмор на очи не даде, малаксаност на раце
не призна, целиот на Христа се предаде,
а Он ти подари Небесна висина,
оставајќи ни го нам твојот живот Нему угоден
и молитва твоја која ги избавува сите оние,
кои тебе во неволја те повикуваат.


            
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов епископ
Кипријан Киевски
16 септември / 29 септември

Велик си ти пред Господа пастиру Кипријане,
поради љубовта и ревноста за Православната вера,
а Он Главата, глава те постави над стадото свое
во земјата ти доделена, во кој подвиг ти
достојнолавно Бога Го прослави.
Радувај се наш учителе,
радувај се чудотворче кој плодови духовни
на народ донесе и моли се за наше спасение.

 
*неговите чудотворни мошти се наоѓаат во
Успенската црква во Москва.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Христова маченица
Људмила Чешка
16 септември / 29 септември

Не заборави Господ на милосрдието
од Него научено, на верувањето низ дела докажано,
на чистотата брачна од Него озаконета,
о, Људмило слугинко ревносна од Методиј великиот
ободрена на Бога да послужиш.
Моли се за нас слугинко Христова,
која венец мачнички подарен доби
од ризницата на Љубовта.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченичка
Мелитина
16 септември / 29 септември

Киповите кои имаат прашина во срцата свои,
не ја издржаа силата на молитвата твоја
која кон Господ ја принесуваше о, Мелитино света.
Виор благодатен ги очисти патеките твои
и ти при Христа маченички стигна,
од каде спомни си за сите оние
кои те чествуваат.

 
*моштите се наоѓаат на островот Лимнос


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Христова маченица
Севастијана
16 септември / 29 септември

Павле апостолот Христов,
те испрати како јагне меѓу волци,
Севастијано света, која закрилена од
Неговите молитви, Патот не го остави.
А Он недопирлива те направи за бесловесните и стихиите,
давајќи ти благодат Бога да Го прославиш
и за нас да се молиш обременетите од овој свет.

 

 

 Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 29/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Aleksand.Lit.jpg

Светата великомаченичка Ефимија

 Aleksand.Lit.jpg

Родум од Халкидон. Татко и  беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не и  се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“ Тогаш Приск ги удираше на разни маки, и тоа деветнаесет дена наред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. Но бидејќи сите лаксања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.