ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Автоном
12 септември / 25 септември



Светињата ја раздаваше на светите,
свештеномачениче Божји Автономе,
народот во познание на Бога го приведуваше.
Крвта твоја пред олтарот леејќи ја,
душата во раце Христови ја предаде,
но устата која смртта ја замолкна
не престана за Христа да говори,
во чудесата извршени за наше спасение,
по твоите свети молитви.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на преподобниот
отец Атанасиј
и неговиот ученик Атанасиј
12 септември / 25 септември

Лоза плодовита подвижничка,
послушание спасоносно кое човека го очистува
и кон Господа Го приведува: Атанасие
чедо љубовно на Сергиј великиот,
кој облагодатен евангелски послужи на
овците словесни, и ученик негов, наследник на
престол игуменски – Атанасиј пастир ревносен
непоколеблив, кој славословие рашири
и на покајание мноштво научи.
Молете се за нас отци преподобни.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Корнут епископ Икониски
12 септември / 25 септември

Неверието човечко не може да ја прими
благодатта Христова, ниту да ја поими
силата Негова во слабоста пројавена,
о, старче праведен Корнуте, кој маченички
за Бога страдајќи, остави примерен во верата
свет живот епископски на паствата,
од кого и ние денес поучувајќи се,
ги просиме твоите свети молитви пред Господа.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Данило Тасоски
12 септември / 25 септември

Исповедник на иконите, пастир на монасите,
соподвижник на Јоаникие великиот,
старче свети преподобен Данило,
како благодатен подвижник те позна пустината
и молитвеник на кого ние се надеваме,
кој стигна пред Господ на славата
во Небесната светла тишина.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов маченик
Јулијан презвитер Анкирски
и со него четириесет маченици
во Галатија
12 септември / 25 септември

Голема вера видовме во тебе при страдањата
твои, о, Јулијане, но величината твоја во Христа
само Он ја знае, исповедниче на вистината.
Напојувајќи се со балгодатните молитви твои,
кои ги просиме пред Седржителот,
за секоја мака и напаст:
„осана на Бога во висините“ повикуваме,
заедно со четириесетте гласови маченички,
кои тебе кон Христа те следеа и на кои
и ние чест и поклонение им воздаваме.
 
*се повикува и за одбрана од штетници


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Македониј, Татијан и Теодул
12 септември / 25 септември

Огнот ја испита и очисти и последната
мака на падот Адамов, кога со радост поитавте
облагодатени кон него, за да биде испитана
верата и ревноста ваша во Господа,
о, Македоние, Татијане и Теодуле.
Се посрами заблудата на мачителот
и се зарадувавме ние и Ангелите на
силата Христова, пред Кого припаѓаме
просејќи ги молитвите ваши.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Васијан Тиксенски
12 септември / 25 септември

Велик аскета преподобен пустински,
кој и дух и тело смири пред Вечносмирениот
и благодат прими ревноста, до крај пред
ангелите и светиите да се изнесе,
оче свети Васијане, благодариме за поуките живи
и за молитвите горешти, пред Оној Кој
на Царство небесно те удостои.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Теодор епископ Александриски
12 септември / 25 септември

Светло возходе на Небото, о Теодоре свети мачениче,
удостојувајќи се на земјата венец Христов да понесеш,
а на Небесата слава маченичка овенчана.
Радувај се и моли се за сите кои го празнуваат
чесниот спомен твој и Христа
Го прославуваат во вечни векови.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот праведен
Симеон Верхотурски
12 септември / 25 септември

Одбегнувајќи го световниот метеж,
сите желби на Бога ги предаде.
Неприклонувајќи се кон лукавството на срцето,
туку очистувајќи ги душата и телото,
си примил благодат да точиш исцеление
на верните и неверните кои притекнуваат
кон тебе, праведен Симеоне.
Затоа по дадениот ти дар испроси од Христа Бога,
исцеление за нас кои боледуваме од душевните страсти,
и моли се да се спасат душите наши.

 
Извор МПЦ – ОА

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 25/09/2018  

sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Свeштмч. Автoнoм. Вo врeмeтo на гoнeњeтo oд Диoклeцијан сe oддалeчил oд Италија вo Витинија Азијска, вo мeстoтo виканo Сoрeoс, и таму мнoгумина привeл вo христијанствoтo и им изградил црква на св. архангeл Михаил. Прeстoјувал вo куќата на eдeн дoбар христијанин Кoрнeлиј, кoгo Автoнoм гo пoсвeтил првo за прeзвитeр, а пoтoа и за eпискoп. Нeдалeку oд градoт Сoрeoс билo мeстoтo Лимна, насeлeнo самo сo нeзнабoжци. Св. Автoнoм oтишoл вo тoа мeстo и набргу прoсвeтил мнoгумина сo Eвангeлиeтo Христoвo. Тoа ги oзлoбилo нeзнабoжцитe, па тиe eдeн дeн нападналe вo црквата на св. архангeл Михаил вo Сoрeoс и на службата Бoжја гo убилe Автoнoма вo oлтарoт, и убилe мнoгу други христијани вo храмoт. Вo врeмeтo на царoт Кoнстантин на грoбoт на св. Автoнoм нeкoј царски гoлeмeц Сeвeријан пoдигнал храм. На 200 гoдини пoслe свoјата смрт, св. Автoнoм му сe јавил на eдeн вoјник, пo имe Јoван. Јoван ги oткoпал мoштитe на свeтитeлoт, наoѓајќи ги нeизгниeни. И мнoгумина бoлни дoбилe здравјe oд мoштитe на свeтитeлoт. Така Бoг гo прoславил oнoј кoј Нeгo Гo прoславувал дoдeка живeeл вo тeлoтo.

 

Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски

Родум од Никомидија од селото Салата. Беше веќе сосем стар кога настана гонењето во времето на Декиј и Валеријан. Некој мачител на христијаните Перениј дојде во Никомидија и почна да трага по христијани. Христијаните излегоа од градот и се сокрија, а нивниот престарен епископ не сакаше да се повлекува, туку сам лично отиде пред Перениј и се објави себеси како христијанин. Мачителот го врза и нареди да го влечат по градот, додека од него не истече многу крв. Својата света душа ја предаде на Бога под меч.

Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари

Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“

Преподобен Даниил од Тасос

Подвижник и основач на голем манастир. Современик на Св. Јоаникиј Велики. Бил присутен при посетата на Свети Јоаникиј на Тасос. Народот го молел прославениот Јоаникиј да ги ослободи од змиите. Светителот Му се помолил на Бога и змиите во огромен број јурнале во морето и се издавиле.

Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул

Пострадаа за Христа во времето на Јулијан богоотстапникот, а во местото Мероса Фригиска. Беа луто мачени заради разорувањето на некоја идолска статуа. Ги печеа на железна леса сѐ додека не Му ги предадоа душите на Бога. Додека ги гореа на оган овие храбри мажи му се потсмеваа на мачителот: „Нема да пробаш од нашето месо како е испечено?“ И уште велеа, како славниот ѓакон Леонтиј: „Сврти нѐ на другата страна, зашто оваа веќе се испече!“ Гледајќи ги и слушајќи ги мачениците на огнот, нивниот мачител беше многу поисплашен и позбунет одошто тие.