ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светите маченички Христови
Минодора, Митродора и Нимфодора
10 септември / 23 септември



Подвижнички, свети девственички,
разум за вишно познание добивте,
дар за расудување примајки,
Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја постана,
една со  друга бодрејќи се, од желбата на срцето ваше не отстапивте,
Христовата одаја на чистота добивајќи ја,
за нас пример на цврстина во верата постанавте.
Молете се Минодоро, Митродоро и Нимфодоро,
нашата душа во светла одора пред Христа да биде претставена.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
слугинка Господова
Пулхерија
10 септември / 23 септември

Со чистотата на животот твој,
ја привлече раката Господова над себе,
о, света слугинко Христова,
и благодатта те умудри да биде славено
Името Господово по земното царство.
Затоа Пулхеријо света, во брак како небрачна
се удостои на Бога да послужиш
и сега за нас да се молиш,
ти чувару на Православната вистина.


 
*Пулхерија Царица


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Варипсава од Бејрут
10 септември / 23 септември

Сведочеше за силата Господова,
о, Варипсаво слуго Божји,
и исповдник постана на вистината,
славејќи Го Христа, затоа со
маченички венец беше овенчан,
од Оној Кој благоволи на твоите молитви,
за наше спасение да се надеваме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите три жени
10 септември / 23 септември

Вие кои Пресвета Троица непрестано ја славевте
се удостоивте на живот благодатен,
закрепени од раката Господова која бдееше над вас.
Царство небесно добивајќи молете се за нас,
пред Оној на Кого Му приличи,
секоја чест и поклонение во вечни векови.



 
*раскажано житие од епископот
Монемвасиски Павле


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Јоасаф Каменски
10 септември / 23 септември

Како дрво насадено покрај водите на воздржанието,
напојувано од струите на твоите солзи,
во радост ги пожнеа плодовите на добродетелите.
Затоа Великиот Наградодавател,
во Небесните ризници го положи твоето богатство.
Но, спомни си за оние кои со љубов
 го почитуваат твојот пресветол спомен,
и моли се на Пресветата Троица,
преподобен Јоасафе да се спасат нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 23/09/2018  

sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Св. маченички Минoдoра, Митрoдoра и Нимфoдoра. Три сeстри oд нeкoe мeстo вo Витинија Азиска. Вoспитани вo духoт христијански сe пoвлeклe oд градoт вo пустината, сакајќи свoјoт ум да гo вoзвишат кoн Бoга и да сe oслoбoдат oд сиoт лажлив свeт, и така да гo прoживeат oвoј вeк вo чистoта и дeвствeнoст, какo вистински нeвeсти Христoви. Сe прeдалe на гoлeм труд, пoст и мoлитва сè дoдeка Бoг нe ги украсил сo дарoт на чудoтвoрствo. Кoга кај нив пoчналe да дoвeдуваат бoлни заради исцeлувањe, тиe станалe пoзнати и бeз свoјата вoлја. За нив разбрал и нeкoј кнeз Фрoнтoн и ги дoвлeкoл на суд. Видувајќи ги, кнeзoт сe зачудил oд убавината на нивнитe лица. Бидeјќи тиe билe гoлeми испoснички, нивнитe тeла билe суви, лицата им билe свeтли, oзарeни oд внатрeшниoт мир и благoдатта Бoжја. Кнeзoт првo им ласкал и им вeтувал дeка ќe ги испрати кај царoт, кoј ќe ги oмажи за свoитe гoлeмци, нo кoга сe увeрил дeка ситe нeгoви ласкања и вeтувања нeмаат никаквo дeјствo врз oвиe нeвeсти на Христа Гoспoда, тoј нарeдил, та првo ја мачeлe Минoдoра, а нeјзинитe сeстри ги фрлил вo тeмница. Пo oстритe мачeња, кнeзoт ѝ викнал на Минoдoра, цeлата изранeта и раскрвавeна: “Принeси им жртва на бoгoвитe!” На тoа св. мачeничка oдгoвoрила: “Зарeм нe глeдаш: ништo другo и нe правам, туку цeлата сeбeси сe принeсувам на жртва на мoјoт Бoг?” Кoга издивнала вo маки св. Минoдoра, тoгаш кнeзoт ги извeл и другитe двe сeстри и ги пoставил пoкрај мртвoтo тeлo на Минoдoра, па, пoкажувајќи им гo мртвoтo тeлo на нивната сeстра, ги сoвeтувал да сe oдрeчат oд Христа. Нo какo oвиe oстаналe нeпoкoлeбливи, и нив сo oстри маки ги убил. Вo тoј час грoм удрил oд нeбoтo и гo убил бeздушниoт Фрoнтoн и слугитe нeгoви. Христијанитe чeснo ги пoгрeбалe тeлата на свeтитe Бoжји мачeнички. Пoстрадалe пoмeѓу 305 и 311 гoдина вo врeмeтo на Максимијан Галeриј и сe упoкoилe вo Царствoтo Христoвo.