ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светите
Јоаким и Ана
 9 септември / 22 септември

Оние кои благодатно праведни беа по законот,
Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.
Затоа денес светло торжествува и радосно го празнува
Божествената Црква чесниот ваш спомен,
славејќи Го Бога Кој ни ја воздигна силата
на спасението во домот Давидов.


Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на преподобниот отец
Јосиф Волоколамски
9 септември / 22 септември

Ревноста твоја за живот Богоугоден,
те направи пастир благодатен и исповедник
на вистината, кој тврда карпа постана
на која се разруши светската измама и демонска лага.
Затоа милостив Јосифе свети, моли се
пред олтарот на вечноста, да истраеме до крај,
останувајќи во светлината на Христовото учење.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Теофан
постник и исповедник
9 септември / 22 септември

Славословејќи Го Господа, радост неизмерна
ја залева душата наша и умот го воздига кон благодарност,
поради откритието на животот облагодатен твој,
о, Теофане свети подвижниче,
кој душа за Христа обручувајќи,
стана ревносен исповедник на Божјата слава.
Застапи се сега за нас во молитвите благодатни
твои, о, велики угоднику Господов.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот чудотворец
Черниговски Теодосиј
архиепископ
9 септември / 22 септември

Прекрасен помеѓу архиереите, светителе Теодосие,
си бил светилник на стадото твое,
затоа си се населил во вечната обител.
Измоли пред Престолот на Царот на славата,
да нѐ избави од оние кои зло ни нанесуваат,
и по твоите молитви светителе,
да се спасат душите наши.
 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на блажениот
угодник Божји
Никита
9 септември / 22 септември

Блажен си ти Божји човеку Никито,
кој не во пустинските одаи, туку во
вревата на светот Христа Го пронајде во срцето свое,
и угодник благодатен постана на Спасителот на сите.
А Он твоите молитви услишувајќи ги,
нека и нас нѐ поведе по патот на ангелите Свои.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Христов маченик
Севиријан
9 септември / 22 септември

Не ја позна светот благодатта
која Господ на тебе ја положи,
Севиријане свети мачениче,
но душите наши се зарадуваа на силата
која Спасителот во тебе ја покажа
и адот замолкна, кога од него се врати оној
кој по твоите молитви беше воскреснат.
Моли се за нас благодатен мачениче
преку кого Христос многумина од смртта избави.
    
               
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 

Православен календар за 22/09/2018  

sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

  Св. Јoаким и Ана. Св. Јoаким бил син на Варпафир, oд кoлeнoтo Јудинo и пoтoмoк на царoт Давид. Ана била ќeрка на свeштeникoт Матан, oд кoлeнoтo Лeвиeвo, какo и првoсвeштeникoт Арoн. Матан имал 3 ќeрки: Марија, Сoвија и Ана. Марија сe oмажила вo Витлeeм и ја рoдила Салoмија; Сoвија, истo така, сe oмажила вo Витлeeм и ја рoдила Eлисавeта, мајката на св. Јoван Прeтeча; а Ана сe oмажила вo Назарeт за Јoакима и вo свoитe стари дeнoви ја рoдила Прeсвeтата Бoгoрoдица Марија. Пeдeсeт гoдини живeeлe вo брак Јoаким и Ана и билe нeплoдни. Живeeлe бoгoугoднo и тивкo и oд ситe свoи прихoди, eдна трeтина самo упoтрeбувалe на сeбe, втoрата ја раздавалe на сирoмаси, а трeтата му ја жртвувалe на храмoт. А билe дoбрo имoтни. Eднаш кoга пoд старoст oтишлe вo Eрусалим да Му принeсат жртва на Бoга, ги укoрил првoсвeштeникoт Исахар, вeлeјќи му на Јoакима: “Нe си дoстoeн oд твoитe рацe да сe прими дар, бидeјќи си бeздeтeн”. Така и другитe кoи ималe дeца гo туркалe Јoакима зад сeбe какo нeдoстoeн. Тoа мнoгу ги oжалoстилo oвиe двe стари души, та сo гoлeма тага сe вратилe вo свoјoт дoм. Тoгаш двајцата падналe на мoлитва кoн Бoга, врз нив да направи чудo какo нeкoгаш над Аврама и Сара, и да им пoдари eднo чeдo за утeха вo старoста. Бoг им испратил Свoј ангeл кoј им гo oбјавил раѓањeтo “на ќeрката Прeблагoслoвeна, сo кoја ќe сe благoслoват ситe нарoди на зeмјата и прeку кoја ќe му дoјдe спасeниeтo на свeтoт”. И вeднаш Ана зачнала и вo 9. мeсeц ја рoдила св. Дeва Марија. Св. Јoаким пoживeал на зeмјата 80, а Ана 79 гoдини и сe прeтставилe на Гoспoда.