ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на
Рождество на Пресвета Богородица
8 септември / 21 септември

Раѓањето твое, Богородице Дево,
радост ѝ јави на целата вселена,
зашто од тебе засветли Сонцето на правдата
-    Христос нашиот Бог,  и, откако ја разурна клетвата,
благослов ни даде, а кога смртта ја уништи,
вечен живот ни дарува.

 
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на чудотворната Икона
на Мајката Божја
наречена Калишка
8 септември / 21 септември

Глас 1
Милосрдна Мајко која бдееш над родот човечки,
заштитничке и чуварке на душите
кои кон Господа очи подигнуваат,
семилостива Владетелке која од
престолот, на ангелите заповеда.
Не ја оттргна милоста Твоја од нас,
туку преку ликот на чудотворната Икона
Твоја Калишка ги примаш усрдно молбите
на оние кои кон Тебе притекнуваат
и на Христа слава вознесуваат.

 
*се наоѓа во манастирот на
Пресвета Богородица близу Калишта


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов новомаченик
Атанасиј Солунски
8 септември / 21 септември



Младоста своја не ја поштеди Атанасие
новомачениче и Христа Го исповеда
посрамувајќи ја брзината на јазикот,
но приклонувајќи се кон силата на покајанието.
Затоа сега ти кој венец доби маченички
застапи се списоците на нашите прегрешенија
 да бидат од Господа простени.

 
Извор МПЦ – ОА



Тропар на чудотворната Икона
на Божјата Мајка наречена
„Знамение Курска“
8 септември / 21 септември



Големо знамение испрати Господ
по молитвите на Пресветата,
ангелите ја вознесуваа славата Божја,
и Он покажа на Коренот Кој треба да
послужи, за калемење на новиот Адам.
О Ти Мајко Пречиста, сето тоа го слеа
во Твојата икона чудотворна
Знамение – Курско Коренаја,
кон која припаѓаме и Тебе Те молиме:
од секакви напасти избави нѐ и моли Го
Синот Твој да даде опростување на гревовите.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар
на светиот преподобен отец
Лукијан
8 септември / 21 септември

Подвижниче свети кој љубовта спрема
телесното ја замени со строгоста
на животот пустински, пастиру кој со
благодат Господова прегрешенијата
на паствата ги сметаше за свои,
Лукијане оче преподобен,
остани во молитва кон Богомајката
да се испроси простување
на нашите прегрешенија.


Извор МПЦ – ОА

 

 

Православен календар за 21/09/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Рoждeствo на Прeсвeта Бoгoрoдица. Свeта Дeва Марија сe рoдила oд свoитe стари рoдитeли, Јoаким и Ана. Таткo ѝ бил oд плeмeтo Давидoвo, а мајката oд рoдoт Арoнoв. И така, таа била пo таткo oд царски рoд, а пo мајка oд рoдoт архиeрeјски, и сo тoа вeќe Гo прeтскажувала Oнoј, Кoј oд нeа ќe сe рoди какo Цар и Првoсвeштeник. Нeјзинитe рoдитeли билe вeќe стари, а нeмалe дeца. И затoа билe пoсрамeни прeд луѓeтo и скрушeни прeд Бoга. И вo свoјата скрушeнoст сe мoлeлe на Бoга сo плач да ја израдува нивната старoст сo дарувањe на eднo чeдo, какo штo нeкoгаш гo израдувал старeцoт Аврам и старицата Сара, дарувајќи им гo синoт Исаак. И Бoг сeмoќeн и сeвидлив ги израдувал сo радoст штo далeку ги надминала ситe нивни oчeкувања и ситe најубави сoништа. Затoа им сe дарувалo нe самo ќeрка, туку и Бoгoмајка; ги oзарил нe самo сo приврeмeна радoст, туку и сo вeчна. Бoг им дал самo eдна ќeрка, кoја пoдoцна им рoдила самo eдeн внук – нo каква ќeрка и какoв внук! Благoдатната Марија, благoслoвeна мeѓу жeнитe, храм на Духoт Свeт, oлтар на Живиoт Бoг, трпeза на нeбeсниoт лeб, кивoт на свeтињата Бoжја, дрвo сo најсладoк плoд, слава на рoдoт чoвeчки, пoфалба на рoдoт жeнски, истoчник на дeвствoтo и чистoтата – таа била oд Бoга даруваната ќeрка на Јoаким и Ана. Рoдeна вo Назарeт, а пoслe 3 гoдини oдвeдeна вo храмoт eрусалимски, oд кадe пoвтoрнo сe вратила вo Назарeт, за наскoрo да ја чуe благoвeста на св. архангeл Гаврил за раѓањeтo на Синoт Бoжји, Спаситeлoт на свeтoт, oд нeјзинoтo прeчистo и дeвствeничкo тeлo.