ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ


Тропар на светиот
Христов маченик
С О З О Н Т
7 септември / 20 септември

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,
гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,
ти Созонте мачениче пред нозе Христови припадна.
Идолското служење посрамувајќи го околу себе,
вера цврста во народот изгради,
затоа Бог во својата свита те приведе,
о мачениче наш застапник остани,
пред Христа Бога во вечни векови.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов апостол
Евод
7 септември / 20 септември

Велик си ти Апостоле Христов и маченик на Црквата,
Еводе свети, кој пастирски големи дела покажа
напојувајќи го стадото Господово,
со вода жива од која никој не ожеднува.
Под покровот на Духот Свети
чествување воздаде на Богомајката,
искажувајќи ја вистината за воплотувањето
на Спасителот, пред Кого ти сега моли се
за спасение на нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Лука
7 септември / 20 септември

Господ Спасителот очистувајќи ја
душата света твоја, која ти во Негови раце
ја предаде, те прими во радоста Своја о, Луко
оче наш преподобен, заради верност во љубовта
и подвигот пастирски спрема ближниот,
од чии молитви и денес нас напои нѐ
ти слуго на Бога Вишниот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов маченик
Евпсихиј
7 септември / 20 септември

Силата од Бога ти подарена благодатна,
денес ја измолуваме Евпсихие свети мачениче,
за да поткрепа биде во утврдување на
верата наша Православна: да простуваме,
непријатели да возљубиме и на Господа да се надеваме,
како што ти во целиот земен живот тоа го сведочеше.
Затоа сега радувај се во Царството на мирот Божји.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов апостол
Онисифор
7 септември / 20 септември

Апостоле свети Онисифоре, по зборовите
апостолови маченичко страдание примајќи,
верата ја посведочи и телото го предаде растргнато да биде,
¬¬¬¬но прибројано на небесата во Христа нашиот Господ.
Радувај се епископе, радувај се апостоле,
и за нашите души моли се,
кои Му благодариме на Бога за тебе.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Макариј Каневски
7 септември / 20 септември

Кон сечесниот ковчег на многуцелебните
твои мошти, ние грешните притекнувајќи,
преподобномачениче Макарие, примаме на дар исцеление,
затоа што ти секогаш им источуваш здравје на верните,
на тажните утеха, и на сите што те почитуваат
секоја потреба им ја исполнуваш,
молејќи се на Христа Бога, да се спасат нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на светиот
отец Јован
архиепископ Новгородски
7 септември / 20 септември

Небесата ја возвестуваат славата Божја,
а ти Јоване пријател Негов постана облагодатен,
заштитен од наметката на Пречистата,
Која молитвите твои ги услиша
и сила измоли од Синот Свој,
да нагазуваш на змии и скорпии.
Радувај се преподобен подвижниче
и за нас сега моли се неокајаните.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобната
Христова монахиња
Касијана песнописец
7 септември / 20 септември

Преподобниот живот твој излезе
пред Господа, о Касијано мајко наша,
која славословие од срце и душа изведе,
со благодат Христова обвиена
велелепие подари на Црквата
преку слово кое не потемнува,
туку на небеса се возведува
 во слава Негова и небесна свита.
Спомни си сега блажена, за оние
кои чест на ликот твој покажуваат
и Бога Го прославуваат.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 20/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Св. мч. Сoзoнт. Рoдум oд Ликаoнија. Св. Сoзoнт бил пастир на oвци и сe држeл вo сè дo закoнoт Бoжји, ги пoучувал другаритe и врсницитe свoи вo благoчeстивата вeра. Спoрeд нeкoe видeниe, тoј дoзнал дeка e дoбрo за нeгo мачeнички да пoстрада за Христа. Вo тoа врeмe ималo гoлeмo гoнeњe на христијанитe вo блискиoт град Пoмпeoпoл oд страна на нeкoј Максимијан игeмoн Киликиски. А вo градoт ималo нeкoј златeн идoл, на кoј нeзнабoжцитe му сe пoклoнувалe. Сoзoнт ги oставил свoитe oвци, oтишoл вo градoт, влeгoл вo нeзнабoжeчкиoт храм, ја oткршил раката oд идoлoт, ја раздрoбил и ја раздал на сирoмаситe. Настаналo гoлeма паника вo градoт пoради тoа и нeзнабoжцитe пoчналe да гo бараат винoвникoт. Нeкoј друг да нe пoстрада пoради нeгoвoтo дeлo, Сoзoнт сe упатил кај игeмoнoт и сe oбјавил сeбeси какo христијанин и стoритeл на тoа дeлo. Мачитeлитe првo гo тeпалe, а пoтoа гo oбeсилe на дрвo и гo стружeлe сo жeлeзни чeтки. Кoга бил вeќe на издивнувањe, гo ставилe на oган кадe штo Сoзoнт ја прeдал свoјата свeта душа на Бoга. Пoстрадал oкoлу 304 гoдина. Нeгoвитe мoштитe чудoдeјствувалe и над нив бил пoдигнат храм вo имe на св. Сoзoнт.

 

 

Светиот маченик Евпсихиј    

Син на сенаторот Дионисиј. Жестоко мачен за Христа, со биење и стружење, па потоа полумртов фрлен во затвор. Му се јави ангел Божји и го исцели. Пуштен од затвор, тој го радздаде сиот свој имот: нешто на сиромасите, а нешто на своите клеветници. Повторно го фатија и го стружеа додека не ја предаде својата душа на Господ. Од неговите рани наместо крв потече млеко и вода. Пострада во времето на царот Адријан.

Свети Јован, архиепископ Новгородски

Беше најпрво свештеник, а потоа, од 1162 година, епископ во Новгород. За време на својот живот изгради седум цркви. Имаше видение на Пресвета Богородица и необична сила над демоните, коишто дури ги принудуваше и да му служат. Чудесно го сочува Новгород од нападот на седумдесет и двајца кнезови. Страдаше од искушенијата ѓаволски, но со силата на крстот и молитвата сите ги совлада. На старост се повлече во манастир, прими схима и мирно се упокои во Господ на 7 септември, 1185 година.