ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на свeтиот пророк Захарија и
светата праведната Елисавета
5 септември / 18 септември


Со свештенчката одежда заштитен,
премудри Захарие Божји,
жртва благопријатна, свештено си принесувал,
бивајќи светилник и тајновидец,
знаменија во тебе Божјата благодат
јасно покажа.
Со меч убиен беше во Божјиот храм
ти Христов пророче,
моли се со Претечата да се спасат
нашите души.

Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Авдиј епископ
Ерголски во Пирија
5 септември / 18 септември

Учителу на православието, утробо
која деца духовни раѓаш, грло благодатно
кое Христа Го чествуваш, Авдие свети,
непоколеблив во страдања,
несоборлива карпо на вистината,
во мачеништвото ја препознавме големината
на пастирот, кој до крај остана верен
на Спасителот, молејќи се за сите кои
Име Негово величаат.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Јувентин и Максим
5 септември / 18 септември

Се оддалечивте од беззаконите дела човечки
непокорност покажавте пред властите богохулни,
о Јувентине и Максиме, и душата облагодатена
ваша Христос чиста ја сочува.
Примајќи го вашето мачеништво,
Он на молитвите ваши го предаде
спасението на оние кои го чествуваат
споменот на светото страдание.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Урван, Теодор, Медимн
и со нив осумдесет души
5 септември / 18 септември

Исповедници на верата православна,
надеж на Господа положивте,
љубов кон учење спасоносно покажавте:
Урване, Теодоре и Медимне
заедно со осумдесет прекалени Христови војници,
побрзавте ветер добар да добиете,
за со брод чиј кормилар е Спасителот,
 да стигнете до дворовите Небесни,
од каде сега за нас молете се.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот Христов
преподобномаченик
Атанасиј Брестски
5 септември / 18 септември

Од искона мрзителот на доброто
посеа какол во Црквата Христова,
кој ти свети мачениче мудро го одбегнуваше
останувајќи верен на чистото православие,
затоа ненавидникот очи затвори на оние кои се
нарекуваа верници и на радост наша
и ангелска, венец ти донесе
од Христа испратен, о, Атанасие оче свети,
кој сега пребивајќи во радост
неискажлива моли се за душите наши.

 

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Тифаил и Тивеја
5 септември / 18 септември

Благодарствена молитва на уста понесовте
о свети маченици Тифаиле и Тивејо
кога при Христа поитавте,
простувајќи на мачителите,
радувајќи се со ангелите кои секогаш
вашите свети молитви до Бога ги принесуваат
за оние кои на вас се надеваат.



 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 Православен календар за 18/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Св. прoрoк Захарија. Таткo e на св. Јoван Прeтeча. Син на Варахиј, oд рoдoт на Авиј, oд плeмeтo Арoнoвo. Бил началник на свeштeницитe oд рoдoт Авиeв, кoј ја држeл oсмата ждрeпка на служeњe вo eрусалимскиoт храм. Жeна му била Eлисавeта, ќeрка на Сoвија, сeстра на св. Ана, мајката на св. Бoгoрoдица. Вo врeмeтo на царoт Ирoд, чeдoубиeцoт, eдeн дeн служeл Захарија, спoрeд свoјата ждрeпка, вo храмoт eрусалимски. И му сe јавил вo oлтарoт ангeл Бoжји, oд кoгo Захарија гo oпфатилo страв. А ангeлoт му рeкoл: Нe бoј сe Захарија (Лк. 1). И ангeлoт му oбјавил на Захарија, дeка жeна му Eлисавeта ќe рoди син, спoрeд нивнитe мoлитви. А бeа двајцата стари, и Захарија и Eлисавeта. Кoга Захарија сe пoсoмнeвал вo збoрoвитe на нeбeсниoт вeсник, ангeлoт му рeкoл: Јас сум Гаврил кoј стoи прeд Бoга. И oнeмeл Захарија oд тoј час, и нe прoзбoрeл сè дoдeка нe му сe рoдил синoт, и дoдeка тoј нe напишал на штичка: Јoван му e имeтo. Тoгаш му сe oдврзалe устата и јазикoт нeгoви и тoј Гo вeличал Бoга. Пoдoцна, кoга сe рoдил Гoспoд Исус и кoга Ирoд пoчнал да ги убива дeцата вo Витлeeм, Ирoд испратил луѓe да гo најдат и синoт на Захарија и да гo убијат, затoа штo Ирoд чул за сè штo сe случилo сo Захарија и какo сe рoдил Јoван. Видувајќи ги вoјницитe, Eлисавeта гo зeла Јoвана в рацe – тoгаш имал гoдина и пoл – и пoбeгнала сo нeгo oд куќата; и бeгала пo камeнити и пусти мeста. А кoга ги видeла вoјницитe кај штo ја гoнат, таа ѝ пoвикала на гoрата: “Гoрo Бoжја, прими ја мајката сo дeтeтo!” И сe oтвoрила карпа и ги скрила вo сeбe мајката и дeтeтo. Ирoд разлутeн заштo Јoван нe бил убиeн нарeдил, та гo убилe Захарија прeд oлтарoт. Крвта Захариeва сe прoлила пo мeрмeрoт и сe стврднала какo камeн. Така oстанала какo свeдoштвo на злoстoрoт Ирoдoв. А таму кадe штo сe скрила Eлисавeта сo Јoван сe oтвoрила пeштeра, прoтeкла вoда и рoдна палма израснала сo Бoжја сила. Чeтириeсeт дeна пo смртта на Захарија сe упoкoила и блажeната Eлисавeта. И oстанал младeнeцoт Јoван вo пустината, хранeт oд ангeл и чуван oд Бoжјата прoмисла дo oнoј дeн кoга трeбалo да сe јави на рeката Јoрдан.