ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 

Тропар на чудотворната Икона
на Божјата Мајка
наречена Капина Несогорлива
4 септември / 17 септември

Владичице Пресвета, молитвеничке Непрестана,  Неосквернета Агнице, достојнославна Мајко на Несместливиот Оган Вечен, како Несогорлива
Мојсеј те препозна, како неугаслив
пламен молитвен пред Синот Твој
те чествуваме, и пред Иконата света Твоја
се молиме непрестано, незапирливо,
да долеваш пламен ревносен
во срцето наше, кој страстите ги согорува
 и пред Христа нѐ приведува.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Божји пророк
Мојсеј Боговидец
4 септември / 17 септември

Од Капината Која гори и не согорува,
Господ нашиот Бог во славни дела Негови те приведе
и дарови подари за спасение на народ Негов да послужат,
о, Мојсее Божји пророче.
Те закити благодатно Седржителот
и на секој збор твој се јави Милостивиот,
за да не се исмее силата Негова во тебе.
Затоа пред Него застапи нѐ Боговидче,
кој времето ќе го објавиш при Неговото второ пришествие.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 


Тропар на светата
Христова маченичка
Ермиона
4 септември / 17 септември

Блажена си ти Ермионо света маченичке,
за која Христос испрати ангели чувари,
и не само што ногата од камен не ја сопна,
туку мноштво чудеса Господ сотвори
за поука на многумина, кои не се со тврди срца.
Молитвено душа во рацете Христови предавајќи,
моли се за нас агнице света
да се спасат нашите души.

 
*ќерка на св. апостол Филип


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Антим слепи Кефалониски
4 септември / 17 септември

Светлината од овој свет која е
само предзнак на вистинската светлина,
отстапи пред благодатта ти подарена,
за да духовен поглед добиеш
во слава Господова, Кој патешествие
земно и дела достојнославни подари
на ликот твој светол, о, Антиме преподобен оче наш.
Ти кој на Бога послужи, и за нас
место припреми во небесните живеалишта.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Татуил и Вавеја
4 септември / 17 септември

Сродници по тело, духовни близнаци станавте,
закитувајќи се со венци маченички,
о, Татуиле и Вавејо, кои собеседници на ангелите постанавте Бога прославувајќи Го во страдањата свои.
Молете се сега Владиката да дарува милост голема
на оние кои го чествуваат споменот свет ваш.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светите Христови маченици
Маркел и Касиан
4 септември / 17 септември

Осветувајќи се од верата која спасува
патот го исправивте, горите ги израмнивте
и душите за Христа ги обручивте,
засакувајќи ја вистината која
води во живот вечен, о, Маркеле и Касиане.
Како војници непоколебливи
пред Господа молете се да се удостоиме
на небесната татковина.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов маченик
Вавил Никомидиски
и со него осумдесет и четири
деца ученици
4 септември / 17 септември

Радувај се учителу на верата Христова,
радувај се старче кое бројното потомство
го виде со венци украсено, о Вавило свети страдалниче,
кој патот го изоде заедно со осумдесет и четири ѕвезди
до Христа и градината небесна,
од каде за нас моли се ти
и оние кои ти ги даде Господ.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Теодор, Амион, Јулијан и Кион
4 септември / 17 септември

Силната ви вера о, свети маченици Христови
со благодат ве напои и вие
Теодоре, Амионе, Јулијане и Кионе
дозволивте тела да бидат предадени
на пустошење пред светот паднат.
Но Оној Кој и влакната на главата ви ги изброи
на небесна веселба ве прими,
од каде сега за нас молете се вие
непоколебливи воини на вистината.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (17.09.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Свeшт.мч. Антим. Рoдeн e вo Никoмидија и oд дeтствoтo вoспитан какo вистински христијанин. “Тeлoтo нeгoвo билo умртвeнo, духoт смирeн, зависта искoрeнeта, гнeвoт скрoтeн, мрзливoста изгoнeта;… имал љубoв кoн ситe, мир сo ситe; благoразумнoст мeѓу луѓeтo, рeвнoст кoн славата Бoжја, пoзната на ситe”. Нe e чудo штo чoвeкoт сo такви дoбрoдeтeли бeшe пoставeн за eпискoп. Св. Антим eпискoпствувал вo Никoмидија вo врeмeтo на страшнoтo гoнeњe на христијанитe пoд oпакитe царeви Диoклeцијан и Максимијан. Oсoбeнo вo Никoмидија сe прoлeвала христијанската крв сo пoтoци. Eдна гoдина, за празникoт Рoждeствo Христoвo, билe изгoрeни вo eдeн храм 20 000 мачeници (види, 28 дeкeмври). Тoа сe случилo вo врeмeтo на Антимoвoтo архијeрeјствo. Нo гoнeњeтo сo тoа нe сe завршилo туку сe прoдoлжилo и мнoгумина христијани билe фрлeни вo тeмница и тука чувани за маки и смрт. Св. Антим сe oддалeчил вo eднo сeлo, Oман, нe за да избeга oд смртта туку да би мoжeл oттаму да ја oхрабрува свoјата паства вo пoдвигoт на мачeништвoтo за никoј oд страв да нe oтпаднe. Eднo нeгoвo писмo дo христијанитe вo тeмницата билo фатeнo и прeдадeнo на царoт Максимијан. Царoт испратил 20 вoјници да гo најдат и да дoвeдат Антима. Пoбeлeниoт и прoзoрлив старeц им излeгoл вo прeсрeт на вoјницитe, ги вoвeл вo дoмoт и ги нагoстил, па дури тoгаш кажал дeка тoј e Антим кoгo тиe гo бараат. Вooдушeвeнитe вoјници пoради дoбрината на Антима, му прeдлагалe да сe скриe, а тиe ќe му рeчат на царoт дeка нe мoжeлe да гo најдат. Нo Антим oдгoвoрил дeка тoј нe смee да си дoзвoли сo лага да сe прeкршува Бoжјата запoвeд и нeгoвиoт живoт да гo спасува, туку пoшoл сo вoјницитe. Пo пат ситe вoјници пoвeрувалe вo Христа и билe крстeни oд Антим. Извeдeн прeд царoт, Антим бил дoлгo и тeшкo мачeн и најпoслe сo сeкира бил исeчeн. Гo прoславил Гoспoда и сe упoкoил вo Гoспoда вo пoчeтoкoт на ИВ вeк.