ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на преподобниот
отец Христифор Римјанин
30 август / 12 септември



Молитвата како река протекува низ умот човечки,
и ги согорува помислите на неговите богови,
метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,
оче Христифоре преподобен,
моли се пред Бога постојано да се поклонуваме,
барајќи од ближните простување,
а од Него по твоите молитви милост голема.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот отец
Александар патријарх
Константинополски
30 август / 12 септември

Засакувајќи ја вистината Христова,
благодатта те укрепуваше во сите денови на животот твој,
 и Господ ги прими молитвите твои,
со кои ја посрами мудроста елинска,
и ја разобличи лагата Ариевска,
о, Александре пастиру Господов.
Нека по молитвите твои, кои ереста ја тргнаа
од местото свето, се удостоиме и ние на вечно спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот отец
Евлалиј епископ
на Кесарија Кападокиска
30 август / 12 септември

Семе на благочестие посеа во
Кападокиска Кесарија и платонските врски
ги раскина служејќи служба Господова,
пример на вера ревносна на сите покажа
и при лоното Христово стигна,
од каде сега за нас о, Евлалие свети епископе,
пред Него застапи се.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Фантин
30 август / 12 септември

Господ Спасителот те облече во сила одозгора,
заради ревноста твоја и воздржанието на страстите,
 о Фантине оче преподобен, а ти земното патешествие
во собирање на мудрост и благодат го претвори,
упокојувајќи се во вечноста, при Христа љубовта твоја прва,
каде сега моли се за нашето спасение.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Филакс епископ, Јануариј презвитер,
Фуртунијан и Септимин
30 август / 12 септември

Природата се побуни против неразумноста човекова
 и знаци видливи покажа за да го разбуди родот човечки,
о Филаксе, Јануарие, Фуртунијане и Септимине,
војници храбри Христови кои лагата на мракот
ја изобличивте и величествени венци маченички добивте,
застапете се сега и секогаш за родот човечки.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов патријарх
Павле Константинополски
30 август / 12 септември

Благословот Господов на тебе почива
о, Павле слуго на Вишниот,
бидејќи Он благоизволи да ти даде денови
за покајание, и го прими твоето исповедание
со кое се отворија вратите на вистината,
и исповедништвото за иконите свети победи.
Одморајќи се од трудовите свои,
веселејќи се при Оној Кој простува
спомни нѐ и нас да не паднеме во заблуда
во овој прељубодеен живот.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Сармат
30 август / 12 септември

Со благодатта Христова ја победи телесната потреба
 и сон не даваше на очите твои молитвени,
докажувајќи дека во Бога е силата и волјата,
да даде сѐ што е за спасение на човека.
Затоа велики подвижниче Сармате измоли
и за нас преобразување на страстите телесни.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите Христови
Мелитински маченици
30 август / 12 септември

Патувајќи по морето на овој живот,
водата ви беше бања на повторно раѓање
и водата ви стана река која кон Животот
ве поведе о, маченици свети Мелитински,
молете се водната бања на секого од нас
да остане чиста и неосквернета.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Христофор
30 август / 12 септември

Подвиг на подвиг додавајќи,
благодат врз благодат во тебе се собираше,
преподобен оче Христофоре и молитвата
 кон Господа дишење и живот ти постана,
со која ти пред Светлината се претстави
примајќи награда во вечноста.
Моли се за нас свети подвижнику
да се запалат и кандилата наши,
пред Спасителот на светот.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови шеснаесет
Тивејски маченици
30 август / 12 септември

Мечот положен на телата ваши
не ја допре душата која се ослободи од тежината на плотта,
а и тие преминувајќи во вечноста ќе ја остават
земната тежина, о, свети исповедници шеснаесет
Тивејски, молете Го Оној Кој ве воздигна
и на нас да погледне по вашите свети молитви.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов патријарх
Јован Константинополски
30 август / 12 септември

Блажен си ти Јоване пастиру Христов
кој удостоен беше од Господа
понижување да претрпиш заради вистината,
но благодатно закрепнат верата преку тебе се утврди,
Север беше посрамен и мирот се зацари во Црквата Божја.
Пребивајќи сега во небесните дворови
спомни нѐ пред Христа нас кои
живееме во овие бурни времиња.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Александар Свирски
30 август / 12 септември

Од младоста богомудар, со духовна желба
во пустината си се вселил,
посакувајќи Единиот Христос ревносно да Го следиш.
Затоа и Ангелските чинови гледајќи те, се восхитија,
како со плотта против невидливите лукавства
подвизувајќи се премудар,
ги победи полковите на страстите со воздржание,
и се покажа како рамноангелен на земјата,
преподобен Александре, моли Го Христа Бога,
да ги спаси нашите души.


 
Извор МПЦ – ОА



  Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 12/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Преподобен Христофор

Подвижник од 4 век во обителта на Свети Теодосиј. Виде во визија дека кандилата на трудољубивите монаси горат, а оние на мрзливите не горат.