Тропар на преподобниот
отец Христифор Римјанин
30 август / 12 септември

Молитвата како река протекува низ умот човечки,
и ги согорува помислите на неговите богови,
метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,
оче Христифоре преподобен,
моли се пред Бога постојано да се поклонуваме,
барајќи од ближните простување,
а од Него по твоите молитви милост голема.

  Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 12/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Преподобен Христофор

Подвижник од 4 век во обителта на Свети Теодосиј. Виде во визија дека кандилата на трудољубивите монаси горат, а оние на мрзливите не горат.