ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот пророк Христов
И Л И Ј А
20 јули / 2 август

Ангел во тело, столб на пророците,
втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,
откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,
овој болести прогонуваше и прокажени очистуваше.
Затоа на оние што го почитуваат им дава исцеление.

 
Извор МПЦ - ОА


Тропар на преподобниот отец
Аврамиј Чухломски
20 јули / 2 август

Ги услиша Преблагословената молитвите твои
Аврамие подвижниче и умилно во твоите раце
ја спушти благодатта преку Иконата Нејзина света,
а гласот на твојата пустинска молитва,
до Господа пренесен беше кој
чудотворна сила даде на молењето твое.
Радувај се и за нас моли се Божји угодниче.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови пастири
Илија патријарх Ерусалимски
и Флавијан патријарх Антиохиски
20 јули / 2 август

Ревнители на Православието,
Божји пастири несоборливи кои заради Христа
исповедничко мачеништво одбраа,
верата ја сочуваа, души на многумина
Господ преку нив избави.
Денес ве чествуваме и славословие принесуваме,
о, Илијо и Флавијане Божји угодници.

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (02.08.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.prorok.ILIJA.jpg

Тропар, глас4.

Ангел во тело, темел на пророците, втор претеча на Христовото пришестие, славниот Илија, кој одозгора му испрати благодат на Елисеја, болести да лекува, лепрозни да очистува. Затоа и на оние што го почитуваат им дава исцеленија.

Angel.Brusk.jpg Angel.Brusk.jpg

   

  Светиот пророк Илија

sv.prorokIlija3.jpgБоговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела. Зашто тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Одозгора уште и Језавела, којашто беше Сиријка, го наговори мажот ѝ да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

 

Свети Илија, патријарх Ерусалимски и
Свети Флавијан, патријарх Антиохиски

Големи ревнители за верата и бранители на Православието. Обајцата умреа во прогонство каде што ги протера царот Анастасиј. Точно ја предвидоа смртта на овој цар и својата. Истовремено си пишуваа еден на друг од оддалечени места: „Царот Анастасиј денес умре, да појдеме и ние со него пред Судот Божји “. И по два дена и двајцата светители се упокоија, во 518 година.

  sv.Evnuvij.Pajsij.Averkij.jpg