ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светата
Христова подвижничка
М А К Р И Н А
19 јули / 1 август

Бог се спротивставува на горделивите,
о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,
исцелувајќи ја душата и болестите телесни,
тебе на која & беше откриена тајната на привремената смрт,
ангелски времениот живот го помина,
и сега имајќи слобода пред Христа
моли се за спасение на оние
кои го празнуваат твојот свет спомен.

  Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на пренос на моштите
на преподобниот отец
Серафим Саровски
19 јули / 1 август

Радувај се роде човечки, ликувајте Небеса вишни,
ете застапник пред Господа во литијна поворка
од Небото до земјата, ни се дарува.
Со застапништвото на Радоста на сите радости,
се измоли благословот Божји,
а и сите Негови угодници те приведоа тебе Серафиме,
молби и молитви пред Спасителот да испросиш,
за нас кои пееме: Христос воскресна, радост моја!



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Диоклеј
19 јули / 1 август

Прилепувајќи се кон Христа,
подвиг преподобен пустински покажа,
о Диоклее мудар учителе,
умот го одлачи од минливоста,
и благодатно пред дверите на животот претстоеше,
живеејќи како без тело во пустината.
Моли се свет подвижниче,
во претстојните искушенија да не ослабнеме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Диј
19 јули / 1 август

Поради тебе Дие преподобен
се славеше Отецот Небесен,
поради благодатта ти дарувана,
бестрасноста привлече многумина,
а Господ времето земно Го продолжи
за да бидеш на сите – сѐ, славејќи Го Бога непрестано.
И сега оче преподобен не престанувај да бидеш
сад преполн молитвен за сите кои
го празнуваат споменот твој чесен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светата Евгенија – Ефросинија
кнегиња Српска
19 јули / 1 август

Мирот ја красеше душата твоја о, Евгенијо света,
мирот не го напушташе срцето
и кога жалоста умот го опфати.
Мирот мудроста ја донесе
и на тебе Христос погледна,
о, Ефросинио послушничке на Богомајката.
Моли се за нас миротворецу кој
верата во Бога над светот ја постави,
да се спасат нашите души.

 
*Кнегиња Милица


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
благоверен маченик Христов
Роман Рјазански
19 јули / 1 август

Добар подвиг одбра благоверен слуго
Господов Романе свети: слабите да ги заштитуваш,
сираците да ги прибираш, вдовиците утешуваш
- во послушанието од Бога ти дадено,
но и венец маченички и исповеднички
како мираз за душата твоја,
Небесниот Женик ти подари,
со кои верата ја исповеда и
вратата на спасението за многумина ја отвори.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
чудотворна Икона на Мајката Божја
Умиление (Серафимо Дивеевска)
19 јули / 1 август

4 глас
Кон Богородица со умиление да припаднеме,
сите обременети од гревовите,
чудотворната Нејзина Икона „Умиление“
целивајќи ја, и со солзи повикувајќи:
Владичице, прими го молењето на
недостојните Твои слуги,
и подај ни ја нам кои те молиме,
Твојата голема милост.



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светиот благоверен
Стефан високи деспот Српски
19 јули / 1 август

Глас 4
Со земното царство добро си управувал страдалнику,
носејќи багреница смирено мудрување си стекнал,
бедните посетувајќи ги и леб раздавајќи им.
Затоа Пребожествената Троица
со Царство и маченички венец те овенча.



 
МПЦ - ОА


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Православен календар за 01/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 


Преподобна Макрина
 

Најстарата сестра на Св. Василиј Велики и Св. Григориј Ниски. Како девица рано ја свршија за некој благороден младич. Но кога ѝ умре свршеникот, Макрина се заветува никогаш да не стапи во брак, говорејќи: „Не е право девојката верена за еден вереник да оди кај друг; според природниот закон сопружништвото треба да биде едно како што е едно раѓањето и една смртта“. Уште го оправдуваше таа ова со верата во Воскресението, сметајќи го својот вереник не за мртов, туку за жив во Бога. „Грев и срамота е“, велеше, „сопругата да не ја сочува верноста кон сопругот кога тој ќе појде во некоја далечна и непозната земја“.

Потоа заедно со нејзината мајка Емилија примија монаштво во еден девствен манастир, каде што се подвизуваа со други монахињи. Живееја од трудот на своите раце, а поголемиот дел од времето го посветуваа на богомислие, молитва и непрестајно воздигнување на умот кон Бога. По некое време мајка и  умре, а потоа и брат и  Василиј. Деветтиот месец по смртта на Василиј дојде да ја посети Григориј, но ја најде на смртна постела. Пред смртта Макрина Му вознесе молитва на Бога: „Ти Господи ги упокојуваш нашите тела со сон смртен на некое време, но после повторно ќе ги разбудиш со последната труба. Прости ми и дај ми кога мојата душа ќе ја соблече нејзината телесна облека да застане пред Тебе непорочна и без грев и да биде како темјан пред Тебе.“ Потоа со раката си направи крсен знак на челото, на очите, на лицето, на срцето и издивна. Се упокои во Господ во 379 година. (Од Верскиот календар на МПЦ)

 
Преподобниот Диј    

Родум од Антиохија Сириска, од христијански родители. Во младоста научен на монашки подвиг од боговдахновени мажи. Откако издржа макотрпна и долготрајна борба со ѓаволот и против телесната похот, Бог му даде голем дар на чудотворство. Во своите молитви најчесто се обраќаше до Света Троица. Со силата на молитвата правеше големи и страшни чуда: направи сув стап да се разелени, наполни сув бунар со вода, еден неверен човек го умртви и пак го воскресна. После некое двојно небесно видение ја напушти Антиохија и се пресели во Цариград, па го продолжи подвигот во близина на овој град. Славата за него брзо се разнесе, па и самиот цар Теодосиј Помладиот го посети за да прими од него совет, а патријархот Атик го наговори да прими свештенички чин и го ракоположи. Откако поживеа многу години се подготви за смртта, се причести, ги поучи браќата, легна на постела и пред очите на сите беше мртов. Веста за неговата смрт привлече многу народ, дојде и патријархот Атик заедно со Александрискиот патријарх. Но кога сакаа да го погребаат, тој одеднаш стана како разбуден од сон и рече: „Бог ми подари уште петнаесет години од овој живот.“ Оттогаш Свети Диј поживеа точно петнаесет години и многумина ги поучи на патот на спасението. Исцели мнозина, на многумина им помогна во разни беди и неволји и најпосле ја предаде својата душа на Господа, Кому сиот свој живот верно Му послужи. Се упокои во длабока старост, во 430 година.