ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Панкратиј епископ
9 јули / 22 јули

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,
повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси,
благодатта Христова сите страсти на срцето ги преобрази,
така да идолите се срушија од Духот Кој во тебе се всели,
моли се свештеномачениче,
непријателите на Вистината да бидат отстранети,
од патот кој води во вечноста.

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобните и Богоносни отци
Дионисиј и Митрофан
*од скитот мала Света Ана на Света Гора
9 јули / 22 јули

Блажени сте вие отци свети преподобни,
Дионисие и Митрофане, на кои Господ
ја положи раката своја.
Упатувајќи ве на подвиг ангелски,
закрилени од Неговата Пречиста Мајка,
донесовте плодови подвижнички
за спасение на многумина
 и во слава на Бога, Единот во Пресвета Троица.
Радувајте се сега и ликувајте во небесните дворови
молејќи Го Господа за наше спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов пустиник
Јован
9 јули / 22 јули

Радост си неизмерна на ангелите,
 Јоване оче наш преподобен, кои молитви твои
облагодатени, развеаа како покров утврден од Владиката
над родот човечки, и слава на Црквата која
ликува славејќи Го Господа,
Кој таков цвет молитвен ни подари.
По неговите свети молитви Господи
Исусе Христе, Сине и Слове Божји, помилуј нѐ.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на благоверниот
маченик Христов
Јован Вавилонски
цар Сараценски
и неговите три слуги Арапски
9 јули / 22 јули

Блажен си ти Јоване, слуго на Бога Вишниот,
кого Господ го исцели од телесните болести
и духовните заблуди, по молитвите на Теодора великиот,
а сила благодатна подари преку Јована пустиникот.
Радувај се и за нас моли се свет исповедниче,
ти и твоите слуги пред Пресвета Троица во вечни векови.

 
*Името сараценско на царот е Мавија


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Кирил епископ Гортински
9 јули / 22 јули

Боговдахновен учителу на Христијаните,
пастиру Христов кој синовите на темнината
во синови на светлината незалезна ги приведе,
мачениче Христов кој со оган се закити,
тебе на кого Спасителот даде власт да врзуваш
и разрешуваш, денес чест и молитви ти принесуваме,
за спасение на нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Коприј
9 јули / 22 јули

Благодатта Господова како роса Ермонска,
се сли на главата твоја Коприе свети ереју,
и чистотата на твојот земен живот,
мноштво кон Христа приведе, свети чудотворче.
Молитви денес и во веки од тебе просиме,
Божји угодниче, кој се насладуваш
гледајќи Го Вечнопостоечкиот.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
преподобномаченици Христови
Патермутиј, Коприј
и со нив Александар
9 јули / 22 јули

Блажен си ти свети покајниче Коприе,
кој заштита Божја имаш во лицето
на пастирот твој Патермутиј преподобниот.
Во слава Господова бевте поведени на исповедничко мачеништво о, преподобни отци на пустината,
а Александар кон Христа приведен по вашите свети молитви.
И сега над нас нека се спростре Христовата благодат
поради застапништвото ваше пред Неговата голема милост.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
епископ Христов
Теодор Саваит Едески
9 јули / 22 јули

Подвижнику Христов Теодоре оче свети,
пустината душа ти освети,
срце исполни со благодат спасоносна,
која пастир те возведе и ловец на луѓе постави.
Радувај се пред Христа и за нас моли се,
ти кој цареви - слуги Божји направи,
и мноштво народ кон свето спознание
и спасение приведе.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
маченик Христов
Михаил Едески
9 јули / 22 јули

О исповедништво твое свето,
усто вдахновена од Духот Свети придвижена,
Михаиле свети мачениче,
денес чест и поклонение ти воздаваме
и Бога Троичниот Го славиме,
Кој таков ластар невенлив подигна
во вечната градина небесна, а за нас молитвеник
вечен кој твори непрестана молитва.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов столпник
Теодосиј
9 јули / 22 јули

Благословен си од Бога Теодосие пустински подвижниче,
Кој го прими твоето покајание
и уште посветол венец на столбот ти исплете,
за поука на многумина и утешение на паднатите.
Радувај се и за нас моли се оче преподобен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Патермутиј
9 јули / 22 јули

Велик си Ти Господи, и славно е Името Твое
во срцето Патермутиево, кој од разрушител,
во благодатен маж го приведе,
и покајанието негово го прими, душа исцели
и чудотворец на земјата постана со силата Христова,
испраќајќи мнозина кон вечната татковина.
Затоа оче свети моли Го Бога Милостивиот
да ги помилува нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

  

Тропар на преподобниот отец
Фотиј Солунски
9 јули / 22 јули

Богоугодниче, Фотие свети,
Светлината во срцето твое заблеска,
упатувајќи те на подвиг свет преподобен,
а во слава Господова рожба принесе:
мноштво монаси и живеалиште устори.
Поклонувајќи се пред Невечерната и Незалезна
Светлина на Пресвета Троица,
моли се оче за нашето спасение.

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Православен календар за 22/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

 Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски    

sv.Pankratij.jpgОвој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија. Во овој град Свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Свети Панкратиј ги охрабри верните да не се исплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото оружје, чесниот крст. Кога војската се приближи до градот, на неа падна некоја темнина и ја обзеде голем страв. Настана голема врева, а напаѓачите се навртеа еден против друг и се избодија и се исекоа со сабјите. Така го спаси градот и своето стадо со силата на својата молитва пред Господ Божјиот угодник Панкратиј. Најпосле беше убиен со камења од некои завидливи и злобни незнабожци и се упокои во Господ. Неговите Свети мошти почиваат во Рим.

 

 

 

 

 

 

Свети Теодор, епископ Едески и другите со него    

Во својата дваесетта година се замонаши и како монах помина триесет и шест години. Тогаш, во времето на царувањето на Михаил и Теодора, беше избран за епископ Едески. Се упокои во 848 година. Со него се спомнуваат и неговиот учител Свети Теодосиј Столпник Сирски, неговиот брат Св. Јован и Св. Адер, благородник и богаташ, којшто побегна од жена си и се замонаши.

 Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски

Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија. Во овој град Свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Свети Панкратиј ги охрабри верните да не се исплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото оружје, чесниот крст. Кога војската се приближи до градот, на неа падна некоја темнина и ја обзеде голем страв. Настана голема врева, а напаѓачите се навртеа еден против друг и се избодија и се исекоа со сабјите. Така го спаси градот и своето стадо со силата на својата молитва пред Господ Божјиот угодник Панкратиј. Најпосле беше убиен со камења од некои завидливи и злобни незнабожци и се упокои во Господ. Неговите Свети мошти почиваат во Рим.

Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит

Како старец од осумдесет и четири години беше мачен за Христа за време на царувањето на Декиј. Го фрлија во оган, но по Божја Промисла беше спасен. Тогаш судијата му изрече ваква пресуда: „Кирил, изведениот од оган, праведниот суд не може да го трпи меѓу живите, затоа наредувам да се убие со меч“. Светиот Старец со радост ја подметна главата под мечот и му ја отсекоа, за вечно да живее во Царството Христово.

Преподобните маченици Патермутиј и Коприј

Обајцата беа Мисирци. Мачени од царот Јулијан Отстапник. Првиот имаше седумдесет и пет години, вториот четириесет и пет. Царот успеа да го одврати Коприј од Христовата вера и да го приклони кон идолите. Коприј извика: „На Јулијан му припаѓам, не на Христа!“ Но старецот Патермутиј го укори и му спомна за вечните маки, а Коприј се сепна, па извика пред царот:„Му припаѓам на Христос, а не на Јулијан!“ На обајцата им ги отсекоа главите со меч. Со нив пострада и Александар, еден од војниците на царот, којшто гледајќи ја нивната храброст во страдањето и самиот стана христијанин. Чесно пострадаа за Христа и кај Него заминаа во 361 година.

Преподобните Патермутиј и Коприј

Иако имаат исти имиња, не се истите со гореспоменатите. Овој Патермутиј најнапред беше водач на разбојници, но по едно чудесно видение се обрати во вистинската вера и се замонаши. Имено, тој еднаш се качи на покривот од куќата на една богоугодна жена, за оттаму да влезе во куќата и да ја ограби. Но на него падна сон и тој виде Некого Којшто му се закани да не прави повеќе зло и да се покае. Не само што се крсти туку и се замонаши. Обајцата беа големи чудотворци. Со Божјата благодат ги лечеа луѓето од секакви маки и болести, ги обраќаа грешниците на прав пат, беа и проѕорливи. Некој грешник кога лежел на одар го замолил Патермутиј да му го продолжи животот за да се покае. По молитвата светителот му рече дека Бог му го продолжува животот за три години. Грешникот се покаја и точно после три години умре. Се упокоија во Господа на крајот од 4 век, во длабока старост.