ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светите
Христови бесребреници
Кир и Јоан
28 јуни / 11 јули

Чудесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
татковината наша заштити ја,
зашто си Единствен благ и Човекољубив.


Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на преподобниот отец
Павле лекар
28 јуни / 11 јули

Смирението твое Христос во лек го претвори
за душите човечки, а подвигот закитен со трпение
те направи достојнославен ученик Господов.
Затоа чест и славословие од нас денес прими,
Павле свет лекаре и на Христа Бога
моли се за наше спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Папиј
28 јуни / 11 јули

Капија која води кон спасение стана за твоите мачители,
и за мноштво души кои Бога не го познаваа,
о свети Папие мачениче,
и восхит за бестелесните кои видоа
подвиг надумен од Бога закрепнат.
Затоа за нас моли се, ти кој невенлив
победоносен венец од рацете Христови прими.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Сенуфиј знаменосец
28 јуни / 11 јули

Пустински подвижниче, Сенуфие преподобен оче,
знамение од срцето твое:
ликот Христов на царска порфира се појави,
и непријателот го посрами.
Радувај се свети чудотворче, на кого
благодатта силна молитва подари
и за наше спасение моли се.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на блажениот и праведен
Сергиј магистра
28 јуни / 11 јули

Блажен си ти Сергие на кого Мудроста
вистината ја откри и ревносен исповедник те направи,
по чии молитви нам прозори кон вечноста ни се отвораат,
и праведен си ти слуго Божји,
на кого љубовта кон ближниот
стана ода на радоста кон Господа.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 11/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

Од Верскиот календар:

Св. маченици Кир и Јoван. Oвиe свeти мачeници сe празнуваат на 31 јануари. Пoд таа дата и e oпишанo нивнoтo житиe и страдањe. А на 28 јуни сe празнува прeнoсoт на нивнитe мoшти oд Канoпoс вo Манутин и мнoгубрoјнитe чуда штo сe случилe oд нивнитe мoшти. Свeти Кирил, патријарх Алeксандриски, усрднo Му сe мoлeл на Бoга да гo уништи идoлскoтo нeчeстиe вo мeстoтo Манутин, кадe штo ималo идoлски храм и кадe владeeла дeмoнската сила. Тoгаш на патријархoт му сe јавил ангeл Бoжји и му рeкoл дeка Манутин ќe бидe исчистeн oд нeчeстиeтo, акo тoј ги прeнeсe на тoа мeстo мoштитe oд св. Кир и Јoван. Патријархoт тoа вeднаш и гo направил: ги прeнeсoл чeснитe мoшти на мачeницитe вo Манутин и таму изградил црква вo нивнo имe. Oд мoштитe на oвиe мачeници oд шкрoфула (тубeркулoза на лимфнитe жлeзди вo вратoт) сe исцeлил Амoниј, синoт на алeксандрискиoт градoначалник Јулијан; нeкoј Тeoдoр oд слeпилo; Исидoр oд Мајум сe исцeлил oд гниeњe на црниoт дрoб; жeната Тeoдoра oд затруeнoст, нeкoј Eвгeниј oд вoдeна бoлeст, какo и мнoгу други oд разни бoлeсти и маки. Сeтo oва сe случилo вo 412 гoдина.