ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
апостол Христов
Вартоломеј
11 јуни / 24 јуни

Благата вест ширејќи се по земјата,
се изли и од устата твоја дури и до Индија,
о Вартоломее апостоле Христов,
на крст стрмноглаво прикован,
покажа дека смирението е совршено,
кога ќе помине низ огнот пеколен,
свети мачениче сотрудниче на Јована и Филипа,
моли се челадта да не престане да бара мир од Господа.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 24/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 

 Од житието на светителот

Светиот апостол Вартоломеј    

sv.Vartolomej.jpg

Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Маријам - а некое време и со Св. Јован Богослов - го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј - Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј сѐ уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на Св. Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.