ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Тимотеј Пруски
10 јуни / 23 јуни

Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови,
 на тебе го навлече дарот на чудотворство,
о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован,
главата за вистината ја положи,
непрестајно Христа проповедајќи Го,
сите ги научи до крај да претрпуваат,
верувајќи дека во Бога е спасението човеково.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Неаниск
10 јуни / 23 јуни

Со прстен беше душата твоја за Христа обручена,
о, Неаниск храбар мачениче и ти со минлив прстен ја раскина
врската со овој привремен свет, страдалниче Господов,
простувајќи им на оние кои главите ги свртиле од вистината.
Затоа за нас сега пред Бога застапи се,
ти кој пребиваш во радост неискажлива.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Александар и Антонина
10 јуни / 23 јуни

Жители на вечното Царство Небесно
Александре и Антонино свети,
сегашноста ве удоми и од временската погибел
се избавивте закрепнати со сила одозгора.
Бога Го славиме и чесен ваш спомен прославуваме,
надевајќи се на молитвите ваши,
о вие венцоносни Христови страдалнци.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Канид
10 јуни / 23 јуни

Минливоста те напушти тебе Каниде
уште од младоста твоја кога
стапките по патот Господов ги исправи,
а Он на подвиг совршен те научи
хранејќи те со радости неискажливи.
Радувај се и за нас моли се
преподобен оче наш свети.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобните
Теофан и Пансемна
10 јуни / 23 јуни

О, Теофане бестрасен Христов војниче,
подвигот твој пред Господа примен,
те наоружа со Љубовта која е посилна од смртта,
и Христос преку тебе ја оневести душата на Пансемна,
која сад на благодат Божја постана.
По вашите свети молитви,
нека се зацврстат нашите стапки,
на патот кон вечноста.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов епископ
Васијан Лавдијски
10 јуни / 23 јуни

По твоите свети молитви Васијане епископе,
по твоите пред Господа коленопреклонувања,
заради послушанието пред Бога принесено,
нека Вишниот Кој тебе те осинови,
ги прости нашите гревови и стави под закрила
на твојот свет омофор.
Господи слава Ти.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

  Православен календар за 23/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

 sv.Timotej.Bruski.jpg

  Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски    

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, Свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.

 sv.Timotej.Bruski.jpg


Свети Васијан, епископ Лавдиски    

Роден во Сиракуза како незнабожец, од родители незнабожци, богати и угледни. Философско воспитание стекна во Рим. Сходно на неговата најтопла желба беше крстен од некој благочестив старец Гордијан. Тоа ги навреди неговите родители и за да го избегне нивниот гнев, на заповед на Свети Јован Богослов којшто му се јави, отиде во Равена и му се јави на својот роднина, епископот Урс. Упатен од епископот, Васијан се насели надвор од градот, кај црквата на Светиот маченик Аполинариј и долго се подвизуваше таму трудејќи се, во пост и во молитва. Кога умре епископот на Лавдискиот град во Лигурија, според едно откровение во сон го избраа Васијан за епископ на тој град, иако тој тоа не го сакаше. Посветувањето за архиереј го извршија Амвросиј Милански и Урс Равенски. Имаше голема исцелителна благодат; можеше и мртви да воскреснува. Беше сведок на последните часови на Свети Амвросиј, од чија уста слушна дека во тој миг светителот Го гледа Господ Исус Христос. Поживеа во подвиг до длабока старост, а во деведесеттата година од својот живот се упокои и се пресели во Царството Божјо околу 409 година. Неговите Свети мошти останаа чудотворни, да сведочат за силата Божја и за величината на овој Божји Светител.

 Светите маченици Александар и Антонина

Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја загрна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го истизаваат за името на Христа. Кога го слушна тоа, Антонина самата му се пријави на судијата, којшто обајцата почна да ги подложува на разни маки. Им ги отсече рацете, а потоа ги биеше на голо тело, им ги палеше раните со свеќи и најпосле ги фрли во оган наложен во една дупка и ги затрупа со земја. Пострадаа чесно за љубовта Христова и се преселија во дворците на небесното Царство на 3 мај 313 година. Во мигот на смртта на овие маченици злобниот судија Фист онеме и го спопадна демонско беснило коешто го мачеше седум дена, од што најпосле умре.