ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 

 

Тропар на Светите рамноапостолни
Константин и Елена
/ 3 јуни



Господи, откако го виде на небото знакот на Твојот Крст,
слично на Павле, не од луѓе беше повикан Твојот апостол меѓу царевите,
 престолниот град во Твои раце го предаде,
па по молитвите на Богородица, секогаш чувај го во мир,
единствен Човекољубче.

Извор МПЦ - ОА 

Тропар на Светиот цар
Константин
21 мај / 3 јуни

О, мудар Константине,
со благодатта облеан одозгора,
Премудроста Божја ја спозна,
Крстот како заштита го прифати,
и осветлуван од него,
патот кон небесата се отвори,
за сите кои со вера го носат крстот свој,
и на него праведнику, страстите ги распнуваат.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
рамноапостолна царица
Елена
21 мај / 3 јуни

Радувај се горо Маслинова,
радувај се Гетсиманио, и ти сведоку дабу Мамвриски,
 ете при вас дојде фиданка од родот човечки
– блажена Елена –
накалемена на Животот вечен –
да се поклони на стапалата Христови.
Со благодатта Господова подигна земни Кораби,
кои ќе пловат кон небесата, а
Милостивиот преку неа Крстот го изнедри,
за љубовта да посведочи, за спасение народ да повика.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
рамноапостолни
Константин и Елена
21 мај / 3 јуни

Константине, Константине,
мудар помеѓу царевите,
вдахновен од висините а сега собеседник со Светиите,
а и ти Елено, мајко на земниот цар,
слугинко на Бога Вишниот,
сотрудничке на Ангелите, кои Господа го величаат,
молете се за нас о вие кои ја спознавте Бесмртноста,
по вашите молитви, да се спасат нашите души.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Касијан чудотворец
Углички
21 мај / 3 јуни

Смирението твое ти ги отвори вратите на животот
низ кои Спасителот благодат ти испрати
и рака кон тебе со благослов подаде, о Касијане подвижниче.
Пример на живот врлински за многумина стана
и сведок на Христовата љубов над родот човечки,
прекрасен чудотворче, преку кого и ние денес
пред Бога се молиме, за наше спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Агапит Меркушевски
21 мај / 3 јуни

Пост, молитва, но и блажено воздржување,
од благодат закрепнато, ја подигнаа паднатостам
о, Агапите преподобен страдалниче.
Двоен венец од Христа примајќи, не заборавај оче свети
за тегобите и мудрувањата наши телесни
и за нас моли се пред Домостроителот свети.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
благоверен Христов слуга
Константин и децата
 Михаил и Теодор
21 мај / 3 јуни

Верни слуго на Бога живиот, Константине свети,
на кого Господ рака положи, синот Михаил не го поштети,
за да верата Христова над Муром ја рашириш,
а со Теодора под закрила на Богомајкта
се растргна мракот на човековото неверие.
Венци исповеднички од Бога примивте,
и сведоштво благодатта за нас остави,
да се надеваме на вашите молитви и поклонние да принесеме,
при вашите мошти нетлени.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
преподобномаченик
Пахомиј Руски
21 мај / 3 јуни


Тајната на мачеништвото ја запозна о Пахомие,
кога благодатта го исполни срцето кое се кае,
а ревноста умот го запали со една желба и една мисла.
Радувај се преподобен оче и за нас моли се,
пред Оној кон Кого поита.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (03.06.2023)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

 markov.sv.Zlata1.jpg

Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“

Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните.

Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот.

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието.

 sv.Elena.jpg

Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

 

Преподобниот маченик Пахомиј

Родум од Мала Русија. Во младоста го фатија Татарите и го продадоа на еден Турчин кожар како роб. Помина во ропство дваесет и седум години, во местото Усаки во Мала Азија. Насилно го потурчија. Отиде на Света Гора, се замонаши и помина дванаесет години во манастирот на Светиот апостол Павле. Реши да пострада за Христа. Неговиот Старец, духовникот Јосиф, го отпрати Пахомиј до Усаки, каде што на својот поранешен господар Пахомиј му се јави како христијанин во монашка облека. Турците го удрија на маки, потоа го фрлија во затвор и најпосле го заклаа на 8 мај 1730 година, на самиот ден на Вознесение. Од неговата крв и од неговите мошти се случија многу чуда. Погребан е на островот Патмос, во црквата на Свети Јован Богослов. Така овој малоруски селанец стана маченик и венценосец во бесмртното Христово Царство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор МПЦ - ОА

 

 

 

 Православен календар за 01/06/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово