ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов Свештеномаченик
Патрикиј Епископ
и со него презвитерите
Акакиј, Менандар и Полиен
19 мај/ 1 јуни



Мудроста одозгора ја растера лудоста на овој свет,
о премудри оче Патрикие,
свештеномачениче исповедниче на силата Христова,
со поучувања многу народ за спасение придоби,
но со сведоштво заедно со Акакиј, Менандар и Полиен,
вечен живот од Бога измоли.
О пастири на црквата Христова,
молете го Христа Бога,
Кој вас ве штитеше со својата моќна десница,
да покаже кон нас милост голема.


Извор: МПЦ – ОА
Манастир Св.Јован Крстител Слепче

  

Тропар на светиот
Христов епископ
Јован Готски
19 мај / 1 јуни

Измолен од Бога за утеха на своите родители,
се удостои да бидеш посветен на служба Господова,
велик епископе Јоване, радувај се ти
кој стана светилник на благодатта Христова,
застапи се пред Господа за оние
кои го празнуваат твојот чесен спомен.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Аколут Египетски
19 мај / 1 јуни

Огнениот пламен ја вознесе душата твоја во местото тивко, безметежно, кадецарува Царот на правдата,
о, Аколуте свети мачениче, во тој крај роден
битието твое Бога Го позна,
затоа радувај се во небесната татковина
и за нас моли се верен слуго Господов.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот отец
Игнатиј (Јован) Углички
Вологодски
19 мај / 1 јуни

Трпението твое монаху Игнатие свети
небесата ја привлече и Бог благодат ти подари,
тегобите од овој свет да бидат ништовни,
а мирот во душата и срцето да се зацари.
Имајќи во Бога вера непосрамлива
плодовите нејзини со нас ги сподели,
и затоа денес молитвено кон тебе припаѓаме,
кој о, Игнатие, Христа многу Го возљуби.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Сергиј Шухтовски
19 мај / 1 јуни

Оче наш преподобен Сергие свети,
од љубовта прва твоја не се откажа,
и следејќи ја Неа која од младоста те допре,
дарови доби како мирис благоухан,
со кој благодатта чудеса твореше во слава Господова.
Спомни си за нас, од Царството на мирот, оче преподобен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
тринаесет Кипарски монаси
од Кантарскиот манастир
19 мај / 1 јуни

Игумене мачениче Христов Јоване,
свитата војничка кон Христа ја приведе
со ревносни црноризци: Варнава, Генадиј,
Герасим, Герман, Теогност, Теоктист,
Еремија, Конон, Марко, Кирил, Максим и Јосиф,
па стигнавте во небесните дворови,
служба служејќи спасоносна,
каде сега лукувате и за родот човечки се молите,
 Господи слава Ти.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Православен календар за 01/06/2019
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

Од Верскиот календар:


Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен
Пострадаа за верата Христова во времето на Јулијан Отстапник, во Бруса Азиска. Царскиот намесник Јуниј ги доведе овие светители пред врели води и го запраша Патрикиј: „Кој ги создаде овие лековити води, зарем не нашиот Ескулап и другите, на коишто им се поклонуваме ние?“ Свети Патрикиј му одговори: „Вашите богови се демони, а овие води, како и сѐ друго, ги создаде Христос, нашиот Господ и Бог.“ Тогаш намесникот го праша: „А ќе те спаси ли твојот Христос ако јас те фрлам во оваа врела вода?“ Светителот одговори: „Ако сака, Тој ќе ме запази цел и неповреден, иако јас би сакал да се разрешам од овој временен живот за да живеам со Христа вечно; но нека ми биде Неговата Света волја, без која ни влакно не паѓа од главата на човекот!“ Кога го слушна ова, намесникот заповеда Патрикиј да го фрлат во врелата вода. Врели капки прскаа на сите страни и луто ги изгореа мнозина од присутните, но Божјиот светител, на чиј јазик беше непрестајната молитва, остана неповреден како да стоеше во студена вода. Кога го виде ова намесникот се разјари од срам и заповеда на Патрикиј и на тројцата презвитери да им ги отсечат главите со секира. Тогаш овие незлобливи Христови следбеници се помолија и ги положија своите глави под секирата на џелатот. Кога им ги отсекоа главите, нивните души весело се вознесоа во Царството Христово за да царуваат вечно.

Свети Јован, епископ Готски

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики). Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно. Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“ (т. е. умирајќи ќе отиде пред престолот Божји). И така беше. Четириесеттиот ден се престави и отиде кај Господ. Се упокои мирно во 8 век.

Светиот кнез Јован Вологодски

Чудотворец. Богобојазлив и благочестив од малечок, од својот чичко Јован Василевич беше фрлен во затвор заедно со брат му Димитриј. Таму поминаа цели триесет и две години. Пред смртта Јован се замонаши и го доби името Игнатиј.