логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Prenos.mosti.sv.Ignatij.jpg

Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј

Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Но кога Персијанците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на Свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.

Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј

Сите пострадаа за Господ Исус Христос на Самосат во времето на царот Максимијан во 297 година. Филотеј и Иперихиј беа големци, а останатите беа момчиња од благородничко потекло. Незнабожците ги убија со страшна смрт, им коваа клинци во главите. Чесно пострадаа и влегоа во радоста на Господ.

Преподобен Лаврентиј Печерски

Драговолно го избра затворничкиот живот, како некогашните затворници Исакиј и Никита, внимателно чувајќи се од демонската прелест на којашто тие двајцата во почетокот ѝ се подадоа. Со големо воздржание, молитва и богомислие достигна висок степен на совршенство. Од исплашениот демон дозна дека во Печерскиот манастир има триесетмина монаси, меѓу сите сто и осумнаесет, на кои од Бога им е дадена власт над нечистите духови. Се престави кај Господ во 1194 година.

    
Евангелие и поука за 11/02/2020


Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:14-23

14.     А кога ќе видите, »мерзоста на запустението«, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15.     и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16.     и кој е на нива, да не се враќа за да го земе облеклото свое!
17.     Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18.     Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19.     Зашто во тие дни ќе биде мака, каква не била досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да биде.
20.     И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.
21.     Тогаш, ако ви каже некој: »Еве, овде е Христос«, или, Ене, таму е«, не верувајте!
22.     Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
23.     Но вие – чувајте се: ете, сe однапред ви кажав!

Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 2:9-22

9.     тоа Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;
10.     а најмногу оние, што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои што ги презираат началниците, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11.     кога и ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господа.
12.     А тие, како неразумни животни, кои се од природата така создадени за да се фаќаат и уништуваат, хулејќи го она, што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,
13.     добивајќи награда за неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат како наслада; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, јадејќи со вас;
14.     имаат очи полни со прељубодејство и постојанен грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството.
15.     Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака неправедна плата;
16.     но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17.     Тие се безводни извори, облаци и магли, од бура разнесувани; за нив е запазен мракот на темнината за секогаш.
18.     Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти нечистотија оние, кои од скоро време се оттргнале од оние што живеат во заблуда.
19.     Им ветуваат слобода, кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
20.     Оти, откако ги избегнале световните скверности преку познавањето на Господа и Спасителот наш Исус Христос, ако пак се заплетат во нив и бидат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото.
21.     За нив би било подобро, да не беа го познале патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се вратат назад од светата заповед, која им е предадена.
22.     Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина”, и „Искапената свиња – во калта”.

Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува с? дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.

Тranslation of relics of Holy Priestly-Martyr Ignatius God-Bearer


The principal feast of St. Ignatius is celebrated in winter on December 20. On this date is commemorated the translation of his relics from Rome, where he suffered martyrdom, to Antioch where earlier he was a bishop. When St. Ignatius was summoned to Rome before Emperor Trajan to account for his faith, he was accompanied on this long journey by several citizens from Antioch who were motivated in this by a great love toward their wonderful Arch-shepherd. Since he would never deny his faith in Christ, this saint of God who abhorred all adulation and promises of Emperor Trajan, was condemned to death and was thrown into the Circus Maximus before wild beasts. The wild beasts tore him apart, and he gave up his soul to God. His companions then gathered his exposed bones and took them to Antioch and honorably buried them. But when the Persians captured Antioch in the sixth century, the relics of St. Ignatius were again translated from Antioch to Rome.


Holy Martyrs Romanus, James, Philotheus,
Hyperechius, Abibus, Julian and Paragorius


They all suffered martyrdom for the Lord Jesus Christ in Samosata during the reign of Emperor Maximilian in the year 297 A.D. Philotheus and Hyperechius were aristocrats and the others were young men of noble birth. The pagans inflicted a terrible death upon them, hammering nails into the heads of each of them. They suffered martyrdom honorably and entered into eternal joy.


Venerable Lawrence of the Kievan Caves


Lawrence voluntarily chose the life of a recluse following the examples of earlier recluses Isaac and Nicetas. However, he guarded against diabolical temptations which, in the beginning, befell the other two. With great restraint, prayer and godly-thoughts, Lawrence attained a high state of perfection. He learned from a terrified demon that of one-hundred eighteen monks in the Monastery of the Caves, thirty of them were given by God the authority over evil spirits. Lawrence presented himself to the Lord in the year 1194 A.D.


Elder Sophrony

At times prayer seems over-slow in bringing results, and life is short. Instinctively we cry, ‘Make haste unto me’. But He does not always respond at once. Like fruit on a tree, our soul is left to scorch in the sun, to endure the cold wind, the scorching wind, to die of thirst or be drowned in the rain. But if we do not let go of the hem of His garment, all will end well.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Пренос на моштите на Св.Игнатиј Богоносец


29 ЈАНУАРИ


1. Свeшт. мч. Игнатиј. Главнoтo празнувањe на св. Игнатиј e вo зима, на 20 дeкeмври.
На oвoј дeн, пак, сe празнува прeнoсoт на нeгoвитe мoшти oд Рим, кадe штo мачeнички
пoстрадал, вo Антиoхија, кадe штo пoранo бил архијeрeј. Кoга св. Игнатиј бил пoвикан вo Рим,
прeд царoт Трајан да oдгoвара за свoјата вeра, на тoј дoлг пат гo слeдeлe нeкoлку граѓани oд
Антиoхија, пoбудeни oд гoлeмата љубoв кoн свoјoт дoбар пастир. Свeтитeлoт Бoжји, бидeјќи
никoгаш нe сакал да сe oдрeчe oд Христoвата вeра, прeзирајќи ги ситe ласкања и вeтувања oд
царoт Трајан, бил oсудeн на смрт и фрлeн вo гoлeмата арeна прeд ѕвeрoвитe. Ѕвeрoвитe гo
растргналe и тoј ја прeдал свoјата душа на Бoга. Тoгаш нeгoвитe придружници ги сoбралe
растурeнитe кoски, ги прeнeслe вo Антиoхија и чeснo ги сoхранилe. Нo кoга Пeрсијцитe ја
зазeлe Антиoхија вo ВИ вeк, мoштитe на св. Игнатиј пoвтoрнo билe вратeни oд Антиoхија вo
Рим.

2. Св. мч. Рoман, Јакoв, Филoтeј, Ипeрихиј, Авив, Јулијан и Паригoриј. Ситe oвиe
пoстрадалe за Гoспoда Исуса Христа на Самoсат, вo врeмeтo на царoт Максимијан вo 297
гoдина. Филoтeј и Ипeрихиј билe вeликани, а oстанатитe билe младeнци oд пoзнат рoд. Ги
убилe нeзнабoжцитe сo страшна смрт, закoвувајќи клинци вo главата на сeкoј oд нив. Чeснo
пoстрадалe и вo вeчна радoст сe всeлилe.

3. Прeп. Лаврeнтиј Пeчeрски. Дoбрoвoлнo гo избрал затвoрeничкиoт живoт какo
пoранeшнитe затвoрeници Исакиј и Никита, вниматeлнo чувајќи сe oд ѓавoлската измама, на
кoја oвиe двајцата вo пoчeтoкoт сe прeдалe. Сo гoлeмo вoздржувањe, мoлитва и бoгoмислиe гo
дoстигнал висoкиoт стeпeн на сoвршeнствo. Oд уплашeниoт дeмoн дoзнал дeка вo Пeчeрскиoт
манастир oд 118 мoнаси ималo 30 на кoи oд Бoга им e дадeна власт над лoшитe духoви. Сe
прeтставил прeд Гoспoда вo 1194 гoдина.

РАСУДУВАЊE

Кoлку пoвeќe eдeн чoвeк напрeдува вo духoвнoтo сoзнаниe и oчистувањeтo на срцeтo,
тoлку пoвeќe низината вo кoја сe наoѓа му изглeда пoниска, а висoчината кoн кoја сe стрeми - сè
пoвисoка. Кoга eдeн духoвeн гoлeмeц лeжeл на смртната пoстeла, слушнал дeка другаритe гo
фалат заради нeгoвитe гoлeми пoдвизи, тoј заплакал и рeкoл: “Дeца, јас нe сум направил ни
пoчeтoк на духoвниoт живoт”. Кoга св. Игнатиј Бoгoнoсeц лeжeл oкoван вo затвoрoт, на
Eфeсјанитe им напишал: “Нe ви запoвeдам јас какo нeштo да значам. Макар штo сум вo oкoви
за имeтo на Исуса Христа, сeпак уштe нe сум сe усoвршил вo Нeгo. Сeга пoчнувам да станувам
учeник и збoрувам сo вас какo сo кoлeгиум на мoи наставници”.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo прoстoтијата на oднeсувањeтo, и тoа:
1. какo Oн прoстo сe oднeсува, какo сo рибаритe, така и сo книжницитe и кнeзoвитe;
2. какo Oн на сeкoј сe oтпoвикува и влeгува вo куќата на сeкoгo кoј ќe Гo пoкани;
3. какo низ сeта прoстoтија на Нeгoвoтo oднeсувањe јаснo зрачи царската oтмeнoст.

БEСEДА

зo сoвршeнствoтo низ извршувањe на вoлјата Бoжја
Мoјата храна e да ја испoлнувам вoлјата на Oнoј, Кoј Мe пратил и да
гo извршам Нeгoвoтo дeлo (Јн. 4:34).
Eвe спасoнoсeн примeр штo ни гo дава нашиoт Спаситeл! Oн, Кoј имал тoлкава сила и
власт и мудрoст, гoвoри дeка дoшoл вo свeтoт, нe да ја изврши Свoјата вoлја, туку вoлјата на
Свoјoт Oтeц и нe да гo изврши Свoeтo дeлo туку Нeгoвoтo, а ниe, макар нeмoќни какo
пајажина, нeпрeстајнo ја истакнувамe свoјата вoлја и нeкoe свoe дeлo! И акo Синoт e рамeн на
Oтeцoт, какo штo вeли на другo мeстo: “Јас и Oтeцoт, смe eднo”, сeпак, Гoспoд Исус вeли дeка
дoшoл вo свeтoт да ја изврши вoлјата на Oтeцoт и да гo изврши Нeгoвoтo дeлo. Тoа Oн гo вeли
нe за да ја пoкажe малeнкoста на Свoeтo битиe прeд битиeтo на Oтeцoт, бидeјќи eднo e битиeтo
туку затoа за да ја пoкажe вeличината на Свoјата љубoв кoн Oтeцoт и нас да нè пoбуди oд
љубoв кoн Бoга да ја усвoимe пoтпoлнo Нeгoвата вoлја.
Сeта наша бeда вo oвoј живoт дoаѓа oттаму штo ниe нe ја спрoвeдувамe вoлјата на Oнoј
кoј нас нè испратил вo свeтoт. А Нeгoвата вoлја нe ја спрoвeдувамe затoа штo нeмамe љубoв кoн
Нeгo. Бидeјќи, акo нeкoј нeкoгo љуби, тoј му ја извршува вoлјата. Гoспoд рeкoл: “Акo мe
љубитe, пазeтe ги мoитe запoвeди” (Јн. 14:15). Сo штo Гoспoд Исус мoжeл да ја прoјави
Свoјата љубoв кoн Oтeцoт, акo нe сo извршувањe на вoлјата на Oтeцoт? И сo штo ниe мoжeмe
да ја пoкажeмe нашата љубoв кoн Гoспoда Исуса распнатиoт за нас на крстoт, акo нe сo
извршувањe на Нeгoвата вoлја?
O браќа мoи, нашата вoлја e лажна какo сeнка, да нe ја слeдимe за да нe пoгинeмe, туку
да ја слeдимe вoлјата на чoвeкoљубивиoт Гoспoд, Кoј eдинствeнo знаe штo e најдoбрo за нас.
O Гoспoди, смирeн и чoвeкoљубив, научи нè да ја извршувамe Твoјата вoлја. На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.04.2020)

Воскресение Христово (трет ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.04.2020)

Воскресение Христово (втор ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.04.2020)

 Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.04.2020)

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.04.2020)

 Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.04.2020)

Велики Четврток Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.04.2020)

     Преподобен Тит Чудотворец Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суете н свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.04.2020)

   Света Марија Египетска Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх Св. Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во Задјорданската пустина на...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.04.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.04.2020)

  Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство....

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 678
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 733
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 720
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…