логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Руската Православна Црква во текот на една седмица отвори три нови прифатилишта за мајки во кризни ситуации и детска болница на разни локации низ цела Русија.

Во понеделникот, при соборната црква на Светото Воскресение, беше отворено прифатилиште на надеж за жени со критични бремености во Киргистан, како заеднички проект на три земји: Киргистан, Русија и Германија. Прифатилиштето може да смести истовремено четири жени и ги прима сите, без оглед на националноста и верата, известува прес-службата на Синодалниот оддел за хуманитарни и социјални услуги.

Германската амбасада во Киргистан делумно инвестираше во реновирањето на просториите, Фондацијата за соработка обезбеди средства за набавка на опрема, а Одделот за социјални услуги на Бишкековската епархија ги финансираше сите фази на проектот.

„Главната цел на нашето прифатилиште е да им помогнеме на жените во тешки ситуации да изберат мајчинство", рече шефот на социјалниот оддел, Елена Иванова. Прифатилиштето им помага на мајките да се грижат за своите деца и ги поучува како самите да ги решаваат проблемите на мајчинството. Персоналот во прифатилиштето ќе продолжи да им помага на жените откако ќе почнат да живеат самостојно, во рамките на други епархиски социјални проекти.

Помош им се нуди и на оние бремени жени кои имаат место за живеење, но се соочуваат со други сериозни проблеми.

Покрај тоа, Социјалниот оддел на Астраханската епархија, на 31 мај 2019 година, отвори прифатилиште со средства од Синодалниот оддел. Исто така, на 5 јуни 2019 година, ново прифатилиште беше отворено и во Мурманск, со поддршка на Мурманската епархија.

Претходно, во мај оваа година, беше отворен друг центар за жени во селото Курган во Ростовската област. Во моментов е дом за единаесет луѓе.

Во текот на изминатите осум години, Руската Црква отвори шеесет и три прифатилишта за жени во кризни ситуации и над сто нови центри за хуманитарна помош, во текот на изминатите три години. Денес постојат шеесет и четири прифатилишта за жени и повеќе од сто осумдесет хуманитарни центри.

На 4 јуни 2019 година, и во Павловск, дваесет и осум километри јужно од Санкт Петербург, беше отворена детска болница во претходно напуштена зграда во локалниот парк. При отворањето на болницата беше одржана приредба со разни активности за деца, вклучувајќи настапи од акробати.

„Со вашиот професионализам покажавте дека здравствената заштита може да биде добра, а медицинските установи удобни“, рече директорот на болницата, о. Александар Ткаченко, заблагодарувајќи им се на организаторите.

Болницата има осум апартмани, во кои децата престојуваат со своите родители. Секој апартман е засебен со купатило, и опремен е со медицинска опрема. Исто така, постојат игри, сензорни соби и пространи дневни соби.

Болницата обезбедува здравствена, социјална, психолошка и духовна помош на четиристотини болни деца годишно, повеќе од петнаесет години.

Извор: patriarchia.ru

Преземена од: МПЦ-ОА

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport